Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Горештината убива во Грција

Горештината убива во Грција

Петмина странски туристи кои биле на одмор и на летување во Грција, се жртви на горештините и на екстремните температури што ја имаат зафатено земјата, уште сега , пред почетокот на летото и на главната туристичка сезона.

Досегашната бројка на жртвите , се стравува, дека може да биде и поголема, затоа што спасувачки екипи и полицијата трага по уште тројца други туристи кои од крајот на минатата недела се водат како исчезнати. Станува збор за две Французинки и еден Американец.

За сите нив се знае дека излегле да се шетаат по околината на островите во кои биле на одмор, но не се вратиле во одморалиштата во кои биле сместени.

Смртоносни прошетки

Веднап била покрената  потрага, а поучени од искуството – дека досегашните починати се жртви на големата горештина – полицијата побарала и добила подршка од локалното население.

За нив  се вели  дека подобро од полицајците и од специјалните екипи ги познава каменестите грчки острови, а дека сите заедно може да го забрзаат трагањето.

Познавачи на приликте уверуваат дека на островите  температурата често знае да биде и повисока. Затоа властите и лекарите предупредуваат дека  е опасно по горештините, како овие во изминатитре денови, да се прават прошетки, да се џогира, или да се вози велосипед.

На една таква локација е најдена последната жртва- како лежи без живот на каменестиот брег.

Смрта на британскиот ТВ водител

Потрагата по тројцата исчезнати е насочена на островите Сикинос и Аморгос, каде се настојува да се најат Французинките на возраст од 73 и 64 години, што се сметаат за ризични за прошетки со искачување , на каква тргнале двете жени.

Се верува дека во таков вид пешачење се има упатено и исчезнатиот Американец. Сите тројца ги нема од петокот вечерта.

Практикувајќи интензиво пешачењње, прво исчезна, а по неколку денови беше најден мртов и познзтиот британски радио и ТВ водител Мајкл Мозли кој имаше 67 години.

Истрагата покажа дека смрта на  Британецот на островот Сими , настапила поради срцев удар, како последица на екстремно топлото време и преголемиот напор на кој бил изложен.

Непочитување на предупредувањата

Жителите на островите изјавиле дека почнуваат да се чувствуваат  фрустрирани поради сите овие трагични ситуации, а особено затоа што странците кои доаѓаат на одмор, не ги почитуваат нивните предупредувања.

Не само што одат на шетање, па дури и на планинарење, кога не треба, туку изнајмуваат и велосипеди изложувајќи го организмот на уште поголем напор.

Грција, како и целиот Балкан  со денови е изложена на топлотен бран пристигнат од северот на Африка. Освен островите горештина има и во конттиненталните делови од земјата, посебно реонот на Атина и Пиреја, каде температурата се искачува и до 40 степени.

Стравувајќи од нови смртни случаи, властите го затвораат во критичните временски периоди Акропол- главната атракција на грчкиот главен град.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе