Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Српски гранати илегално во Судан

Српски гранати илегално во Судан

Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се обвинети дека го пркршуваат ембаргото на ОН за испорака на оружје  за завојуваните страни во граѓанскиит судир во Судан, каде како испорачувач на гранати, за паравоените милитантни сили РСФ, се јавува Србија.

Според истражувањето на екипа на Би-Би-Си , при што се користени слики од дрон на Силите за брза подршка (РСФ) – милитантите  во воените судири со владините сили користат гранати кои се произведуваат во српските воени фабрики.

Преку ОАЕ до бунтовниците

Британскиот медиум открива дека милитантните сили користат дронови, направени од комерцијлни компоненти, кои потоа се способни да лансираат минобацачки гранати од 120 мм. Докази  добиени од  суданската војска, која   има соборено многу од овие дронови, им помогнале на  експертите на Амнести Интернешнел , да ги потврдат претходните сознанија за тоа дека-  токму ОАЕ  ги снабдуваат со оружје суданските  антивладини сили.

Емиратите ги снадуваат со оруже своите сојузници и во други конфликтни реони, како што се Етиопија и Јемен. Сега има и докази дека дронот лансира гранати со ознаки дека се произведени во Србија. За гранатите се знае дека во Судан се испорачуваат од ОАЕ.

Сознанијата на ОН, добиени од стручњаци за следење на авијацијата и на авионските летови, имаат откриенои дека постои воздушен мост преку кој (илегално) се транспортира оружје  за силите на РСФ.

Мохаџер-6“ за Картум

ОАЕ ги нагираат овие наоди, но истрагата има сознанија дека трасата за испорака тргнува од Абу Даби. Потоа авионите минува преку аерпдромите во  Најроби во Кенија и Кампала во Уганда, за да на крајот  се спуштат „некаде во Чад“, неколку километри од западната граница на Судан.

Таму се наоѓа силна база на РСФ , а локални извори, на кои се повикува Би-Би-Си тврдат дека оружје кое пристигнува од Емиратите, се истоварува по неколку  пати во текот на неделата.

Властите на Емиратите , меѓутоа, тврдат дека авионите префрлаат само хуманитарна помош , уверувајќи дека ОАЕ се залагаат за „мирно решение на судитот кој трае подолго време“.

Во исто време и воените сили на Судан,  илегално добиваат оружје, но владата во Картум на своја страна го има Иран. Од таму суданската војска добива дронови, а пред се оние од типот „Мохаџер-6“ кои имаат дострел до две илјади километри и се  оспособени за наводени напади.

Награда за кршење на ембаргото ?

Воени експерти тврдат дека  појавата на беспилотните летала на суданското небо , делумно, ја имаат изменето ситуацијата на теренот.

Суданската војска успеа да ја разбие опсадата на милитантните сили на неколку локации . Силите на РСФ во таква ситуација се имаат повлечено од неколку населби, западно од главниот град Картум.

Што се однесува до српското оружје , експерти, проценуваат дека ОАЕ го купуваат од Србија за да им се испорачува на бунтовниците во Судан.

Се верува дека за таа „услуга“ и за кршењето на ембаргото, наметнато од ОН, српската страна е наградена со богатото учество на ОАЕ во обновата и модернизацијата на Белград. Српските власти, засега, немаат реагирано – со потврда, или со демант- на ваквото откритие на британскиот медиум.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе