Ерменија ја обвини Русија за предавство
Ерменија е на пат да предизвика голем раскол во раките на Договорот за колективна безбедност (ДКБ), познат и како путиновото НАТО, откако соопшти дека ќе ја напушти оваа политичко-безбедносна алијанса на поранешните советски републики, предводени од Русија.
Поводот за ваквото невообичаено однесување на Ерменија, досега крајно лојален сојузник на Москва, која на ерменска територија има и своја воена база, е обвинувањто на премиерот Никол Пашинијан и владата во Ереван за тоа дека нејзините сојузници во Алијансата ја имаат изневерно, а дека Русија и Белорусија ги имаат предадено Ерменците, во ерменскиот судир со соседен Азербејџан.
„Заговор на ДКБ против Ерменците“
Соопштението дека Ерменија го напушта „руско НАТО“ после неколкумесечните тензии меѓу Еревен и Москва , откако Ерменија ги обини своите сојузници во ДКБ дека „планирале заговор“ со Азербејџан за тоа дека обиле да им помогнат на Ерменците во судирот со Азерите, во долгиот спор околу Нагорно Карабах.
Ерменската страна уште обвинува дека руската војска ( во регионот) одбила да им помогне на ерменските сили за време на последниот воен судир, по кој Азербејџан ја презеде контролата врз целиот регион, прислувајќи ги во бегство сите преистанати 100 илјади Ерменци кои живееја во Карабах.
Забележливо е притоа дека Ерменија се почесто и се посилно се врти кон Западот , кон ЕУ и кон САД, па владата во Еревен стана потписник на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) , што значи дека Владимир Путин кој е на потерницата на судот би бил уапсен доколку стапне на територијата на Ерменија.
Стар спор од Сталиново време
На тој начин, блиските сојузници станаа противници , а Путин со својата контриверзна политика и потезите кои ги влече, загуби еден лојален сојузник и после инвазијата врз Украина, од него направи непријател.
Причина е стариот спор уште од советско време за Ногорно Карабах ( енклава со православни Ерменци на територијата во муслимански Азербејџан), создаден уште од времето кога диктаторот Сталин ги има цртано внатрешните граници на СССР , оставајќи вакви „спорни точки“ за да ја игра својата игра- завади па владеј.
Стариот спор се запали кога се распадна СССР и двете соседни советски републики станаа независни држави. Ерменците Карабах го сметаа за своја територија, подржувајќи го на сите начин тамошното ерменско население, додека Азербејџанците настојуваа да го „скршат сеператизмот“ во енклавата, за да интрегрираат во својата државна територија.
Ердоган поважен од Пашинијан
Сето тоа некако се одржуваше во каква-таква контролирана криза се додека Путин не тргна во освојување на Украина и цепење на нејзината територија.
Кога се виде дека Украинците кои (практично) со Москва беа во војна од пролета 2014 година, се одолжи , па наместо неколкуѕ недели се претвори во измачувачка војна без крај, Путин откри дека нема доволно оружје на залиха, како и дека ставен во изолација, му треба многу да има лиски врски со Турција.
А, турскиот „султан“ како услов за одржување на врските со Русија, покрај нафтата и гасот и трговијата , го има поставено и барањето за решавање на спорот меѓу Баку и Ереван, околу Нагорно Карабах- така што нема да се меша кога, сега веќе воено помоќниот Азербејцан, ќе го осввојува „ тоа што е негово“- регионот Нагорно Карабах.
Раскол во „путиновото НАТО“
Така и се случи. Путин да ја раскине љубовта, сојузниптвото и обврските што ги има од ДКБ- за помагање на земја члена, ако биде нападната- па се сврте кон Азербејџан кој не е дел од „путиновото НАТО“- односно кон Турција која на денешна путинова Русија не треба да и биде противник.
Турција и онака ја помага и Украина, поради кримските (турски) Татари.
Путин го исполни договорот со Ердоган , а на Азербејџан му требаше само еден ден војување за да во септември 2023 година, ги порази еременските бунтовнички сили во Нагорно Карабах.
Ереван остсна и гневен и изневерен кога руските војници на територијата на Карабах , по наредба на Москва, не реагираа, предавајќи ги Ерменците , изневерувајќи ги притоа и одредбите на Алијансата- со тоа што ниту Русија , а ниту било кој друг и помогна на Ерменија.