Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Бугарија- Борисов (одново) прв на изборите

Бугарија- Борисов (одново) прв на изборите

Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов одново има  освоено  најмногу гласови на најновите , шести по ред вонредни парламентарни избори во Бугарија, во последните три години.

Оваа десноцентристичка партија, која се декларира како проевропска, инсистирајќи дека европскиот карактаре е содржан и во нејзиното име, на изборите има добиен0 24,7 отсто од гласовите. Тоа е седум проценти повеќе во однос на второпласираната партија ДПС ( партија на бугарските Турци) која има освоено 17,7 отсто, што ја прави партијата на Борисов да се смета за победник на изборите од 9 јуни.

Победа без победник

Но, ниту во ГЕРБ, а ниту во политичката и во бугарската јавност има победничка еуфорија.

За гербовци (во основа) гласале нивните традиционални гласачи кои и на претходните гласања се определуваа за Борисов (кој 11 години беше премиер на Бугарија), давајќи му до најмногу 25 отсто од гласовите.

Тоа значи дека за една стабилна влада во Софија, нему и на партијата им се потребни коалициски партнери, што пак  налага многу преговарања, пазарење и правење компромиси.

Турската партија уверливо освои најмногу гласови во југостокот од земјата, во реонот на градот Крџали и во  местата каде малцинското турско население е во мнозинство. Нејзиното избивање на второ место прави ДПС да се чувствува задоволна од последните изборни резултати.

Европејци и русофили

Тоа пак не може да се каже за партијата ПП ( Продолжуваме со промените) која заедно со Демократска Бугарија, сочинувајќи еден проевропски блок, добија 14, 3 отсто и само за помалку од еден процент се трети и пред десничарската, антиевропска и силно проруска партија Взраждане (Препород).

Во новоизбраниот состав на Парламентот , се најдоа седум партии , при што некогаш силната и победничка БСП – социјалистите зад кои се верува дека стои претседателот на државата Румен Радев, овој пат добија само седум отсто од гласовите, продолжувајќи го својот пад на бугарската политичка сцена.

Кко и да е, во Софија сега претстојат преговори за создавање владеачка коалиција, за која како што велат бугарските аналитичари, полесно може да се направи и да прогласи влада, отколку да остане на власти и да може стабилно  да владее.

Неуспех на „спасоносниот„ модел

После претходните пети по ред избори, со помош на ЕУ и настојувањето на Брисел да се стабилизира Бугарија која и натаму е најмалку развиена земја-членка на Унијата, се создаде тројна коалоција (ГЕРБ, ПП-ДБ и ДПС) која имаше апсолутно мнозинство во Парламентот.

Беше договорено да се менуваат премиерите и министрите за надворешни работи на по девет месеци, по урнек на Република Ирска, модел кој таму функцинира, а кој го користеше и Израел.

Но и оваа „спасоносна“ комбинација пропадна -после осум месеци.

Постоеше договор за забрзано чекорење на земјата кон  една вистински европска Бугарија- членка и на Шенгенскиот договор, цврсто везана за  Западот. Наместо тоа , излегоа  старите разлики меѓу ГЕРБ и европејците . Пред се, поради практиката на Бојко Борисов да се седи на „две столчиња“ -за да ги има за себе и бугарските русофили во гласачкото тело, кои шетаат на една и на друга страна . Договорот во такви услови  се растури.

Компромис или седми избори

Силно проевропските партии ПО/ДБ кои ги предводи Кирил Петков, поранешен премиер, кого русофилскиот политички блок во земјата, во кој се  десничарите и националистите , но и проруската БСП и претседателот Радев , со силно мешање на Русија, го соборија по девет месеци на функцијата.

Како казна за неговото свртување – за прв пат во посткомунизмот- на Бугарија на Запад,  која едно време беше најлојалниот сојузник на Москва.

Сегашниот распоред на силите по овие избори налага создавање на истата коалиција- за да Бугарија остане на колосекот на кој беше изминатите осум месеци. Во спротивно, земјата која е во ЕУ, уште од  1 јануари 2007 година, ќе се врати назад, притисната од домашните русофили за „братска дружба“ со путинова Русија.

Третата варијанта е продолжување на нестабилност и уште едни- седми вонредни избори- што проруското ретроградно друштво, по налог на Москва и го посакува.

(Д.С.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе