Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Газа-75 години соочување со војна

Газа-75 години соочување со војна

Од 7 октомври минатата година, кога без никаков директен повод, припадниците на палестинската терористичка организација Хамас, извршија масовен и брутален напад врз израелската територија, малечкиот приморски појас Газа, сместен меѓу Египет и Израел , стана  тема во светските медиуми.

Меѓународната јавност остана, прво шокирана од суровоста и крволочноста на терористите, откако почнаа да доаѓаат слики од нападнатите локации- мали кибуци во јужен Израел- а потоа,  и загрижена од можноста од избувнување на нова блиско-источна војна, очекувајќи го израелскиот одговор.

Не се случи таква војна  , во која  се верува дека ќе се замешаа и други, но затоа, веќе седум месеци Израел е во војна со Хамас- со единствена цел- трајно да се уништи оваа организација на Палестинците, која со години изведува терористички акции врз израелската територија.

Воена тврдина на Хамас

Фронтот на оваа војна е Газа,  затоа што се, има претворено во  тврдината со која Хамас сурово управува четврт век, откако се отцепија од Палестинската ослободителна организација, обвинувајќи ја за правење компромиси и договори со Израел.

Овој малечок Појас,  на кој (велат) живеат дури два милиони Палестинци, оние кои не сакаа да останат на Западниот Брег, на тој начин  стана линијата на тој  фронт на кој војуваат Израелците и Хамас.

Ова, практично, е прв пат појасот Газа и  градот Газа, како  и Рафа-  да се местата на кои има и разурнување и човечки жртви. Сето тоа се случува затоа што во пследните две ипол децении, по осамостојувањето на Хамас-со ирански и арапски пари- израсна  во силно воено упориште.

Во вистинска  воена, добро вооружена  тврдина во која  се изградени над 5о0 км тунели- некои  опремени и со климатизација- и се поставени илјадници ракети и лансирни рампи.

На линијата на фронтот

Сите тие , најчесто  се лоцирани  во населените места, меѓу цивилните објекти, не ретко во училишни и болнички дворови- од каде се лансираат проектили кон територијата на Израел.

Воени експерти објаснуваат дека токму поради тоа што ракетното оружје на хамасовите терористи и лансирните рампи се вака поставени- што ке рече на самата линија на сегашниот фронт- во Газа има многу разурнување и голем број човечки жртви.

Конечно, од територијата на Газа, на 7 октоври  навлегоа преку границата, оградена со висока жичана бариера и терористите на Хамас, тргнувајќи во својот колеж на израелските цивили.

Во минатото, меѓутоа, не беше така и ова мало парче земја беше оставено настрана во регионот и помалку заборавено. Се додека при создавањето на државата Израел во 1948 година, појасот Газа  му припадна на Египет- во тоа време главниот политички играч во арапскиот свет и на Блискиот Исток.

Зона за бегалци во 1948

Во текот на првиот палестинско-израелски воен судир ( против создавањето на новата држава) египетските власти ја „открија“ Газа како идеална локација за лоцирање на бегалски кампови.

Во нив беа сместувани бегалците кои не сакаа да живеат во иста држава со Израелците, или оние кои беа протерани од властите на новата држава.

Во време на следната воена и политичка криза, во 1956 година, околу Суецкиот канал, беа нападнати и  камповите во Рафа. По војната во 1967 година, позната како шестневна,  ситуацијата целосно се измени. Израелската армија- војувајќи на три фронта- против Египет, Сирија и Јордан, ги прегази арапските армии.

При тоа,  Израелците го окупираа целиот Синајски полуостров, излегувајќи на реката Нил, како и Голанската висорамнина и Западниот Брег.  За прв пат  навлегоа во источен Ерусалим и (практично) го обединија овој  до тогаш, поделен историски град, а за прв пат ја зазедоа и Газа под своја контрола.

Рафа гранична локација од 1982

Кога Израел се повлече од Синај , после Октомвриската војна во 1982 година, Рафа беше поделена на дел во Газа и на дел кој го имаа одново Египтјаните под своја контрола.

Градот Рафа, така стана гранично место- таму е единствениот граничен премин меѓу Египет и Израел, откако двете земји воспоставија целосни дипломатски односи.

Таму се наоѓаше и единствениот аеродром во Газа, што израелската војска го разурна, откако во 2001 година беше откриено дека служи за шверцување оружје. Токму од Рафа одат и тунелите  кои директно завршуваат на израелска територија.

Преку нив се шверцуваше се и сешто- од разни производи  наменети за продавање по  пазарите, до секакво  оружје. Но, преку нив се шверцуваа и луѓе,  за илегелно влегување во Израел. Рафа затоа, сега е најчесто затворена за гранично минување, а тунелите (се верува) дека се разурнати.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе