Поврзете се со нас

Skopje Global

a large water fountain in front of a large building

Европа/ЕУ

Софија не прифати претседателска средба во Рим

Софија не прифати претседателска средба во Рим

Официјална Софија  не прифатила претседателска средба во Рим, меѓу бугарскиот претседател и претседателката на Северна Македонија  за време на нивниот престој во Ватикан , каде и обајцата присуствуваа на традиционално чествувањето на празникот посветен на Светите браќа Кирил и Медодиј.

Според софиските медиуми кои се повикуваат на извори од бугарската државна делегација, од страна на северномакедонската делегација била изразена спремност да дојде до една таква средба, но бугарската тоа не го прифатила, објаснувајќи го  со „преголемата зафатеност“ на Румен Радев и со  неговата „пренатрупана програма“.

„Прерано за средба на врвот“

Наместо тоа, на бугарските и на италијанските новинари, собрани во Ватикан, откако и едниот и другиот шеф на државите имаа средби со папата Франциско, им беше  дадена изјавата-порака на бугарскиот претседател за тоа дека Софија- „очекува брза промена на реториката во Република Северна Македонија, а најмногу прекнување со јазикот на омразата“.

Софиските аналитичари освен тоа, сметаат дека веднаш после македонските избори, а пред бугарските (почетокот на јуни), како и пред изборите за Европскиот Парламент, претседателите на двете земји и нема за што да разговараат, а уште помалку да решаваат , а нивниот дијалог притоа да не се сведе на декларативни изјави кои потоа  би се користеле за политикански  потреби.

Од бугарска страна, во секој случај, се смета дека  една средба-  па нека и да е онака од нога, на поминување, во Рим-  не би можела да го надмине застојот (на македонскиот  пат кон ЕУ).

Блокадата од страна на Скопје

Блокадата на тој пат, патем,  ја  предизвика- свесно и со намера да го попречи почетокот на преговорите со ЕУ – вмровската опозиција во Скопје.

Заедно со нејзините сателитски партии од националистичкиот блок, тие не прифаќаат  и бугарската етничка заедница, која живее во Северна Македонија,  да се најде во преамбулата на македонскиот Устав, заедно со сите други национални заедници  кои живеат во земјата.

Станува збор за истиот националистички и антиевропски политички блок кој победи на изборите и доби мандат од гласачите – и на изборот за претседател, а и при гласањето за новиот Парламент.

Мандат за тоа има добие и новата претседателка која и самата силно придонесе за ваквиот развој на политичката  ситуација- зборувајќи против Грција и договорот од Преспа, а и против спогодбата со Бугарија.

Националистичка реторика во кампањата

Во Софија, секако, знаат дека претседателката во изборната кампања им порачуваше на гласчите  дека ке наложи промена на Уставот, со отфрлање  на сегашното набројување на етничките заедници во земјата ( за да не се стави во преамбулата и бугарската).

Уште тврдеше дека спогодбата со Бугарија е штетна за македонската страна, заговарајќи нови преговори- нешто што не е можно- без притоа да не настапи целосно запирање на силно покренатиот европски процес, од страна на  досегашната влада во Скопје.

Радев , инаку и самиот дел од националистичкиот табор во Бугарија и уште и дел од силниот русофилски блок во соседството, затоа ја искористи  понудата за средба в0 Рим , за да (одново) порача дека Северна Македонија треба набрзо да покаже- дали навистина сака да биде дел од Европа и од ЕУ.

Притоа, порачувајќи  дека земјата – само треба да ги исполни условите на ЕУ за прием на нови членки , како што тоа мораа да го направат сите кандидати ( од Истокот на Европа) кои сега се во Унијата.

За ЕУ, или против неа

Особено што договореното околу уставните реформи (врзани за преамбулата) е направено со посредство на Брисел и на ЕУ и дека тоа е ставено како услов за да може да се отворат првите поглавја од завршните преговори за влез во ЕУ.

Не е Радев некој кој може да се зема за модел на вистински европски политичар, но во случајов, за една работа  е во право- македонскиот Парламент треба да ги прифати уставните реформи. Или, во спротивно,  вмровците  и целото друштво околу нив, треба да признаат дека тие се против членството на државата  во Унијата.

Вака излегува дека се барала средба- колку за да се регистрира дека имало средба- после која  претседателката ќе се рехабилитира за реториката со омраза во изборната кампања и за провоцирање на соседите.

Прикажувајќи ја средбата во Рим, како пример дека и новите во Скопје се на европскиот пат, на што од Брисел возвратија дека наместо декларативни изјави се бара исполнување на преземените обврски.

(С.Б.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе