Поврзете се со нас

Skopje Global

woman in white long sleeve shirt and white pants doing exercise

Здравје

Британија-трансфузија со заразена крв

Британија-трансфузија со заразена крв

Над 30 илјади Британци биле заразени, а од нив над три илјади починале, како последица на нездравата крв што им била давана при примањето трансфузија со инфицирана крв. Крвта која луѓето ја примале била заразена со  вирусот на СИДА и со хепатитис-Ц.

Ваквите податоци кои предизвикаа шок и гнев во британската јавност,  се добиени од извештајот на една специјална комисија која со години на ред го има истражувано случајот. Истрагата се развлече, а публикувањето на нејзините наоди на неколкупати беше одлагано, но сега, најпосле , тие се достапни, откривајќи ги поразувачките сознанија за работата на здравствените власти.

Прикриван скандал

Случајот   се смета за скандал , затоа што се тврди дека сето тоа можело да се избегне и да не предизвика болка и смрт на толку многу лица, доколку функционерите и лекарите во јавното здравство ги послушале предупредувањата на Светската здравствена организација (СЗО).

Вината, меѓутоа, ја носат и низа британски влади кои  го прикривале, или го оставале на страна, она што се случувало со „валканата и нездрава“ трансфузија, не брзајќи со неговото расчистување.

Скандалот потекнува  уште од средината на седумдесетите години на 20 век и траел повеќе од 15 години,  се до почетокот на деведесетите . Тогаш, конечно, се престанало со -практично- експериментот што бил применуван врз Британците, без тие да знаат и без да се согласат да биде како -„опитни животинчиња“.

„Експеримент“ од пред 40 години

Станува збор за некакво „експериментално лекување“ што било практикувано тие години , поради кое меѓу оние кои умирале, како последица на инфекцијата- има и голем број деца.

Актуелниот британски премиер Риши Сунак, јавно им се извини на сите оние кои биле заразени, но преживеале, како и на семејствата на оние над три илјади починати. Освен тоа, владата (британската држава) како отштета ќе мора да исплати повеќе од 13 милијарди евра.

Медиумите откриваат дека уште на почетокот од седумдесетите години, СЗО ја има предупредувано Британија да не увезува крв од земји за кои се знаело дека не ги проверува  донаторите на крв. Се споменува и САД каде во тоа време, повремено, се земала крв и од затвореници, како и од зависници од дрога. а понекгаш дури и им се давале пари на овие лица за да дадат крв.

Меѓу жртвите и многу деца

Британија, сепак, продолжила да увезува неконтролирана крв за трансфузија, затоа што се соочувала ( а и сега се соочува) со мал процент на доброволни донатори.

Британските власти сега се обвинуваат дека не реагирале на време ниту тогаш, кога со појавата на ХИВ, во осумдесетите години, се појави технологијата за – термичка обработка на крвта. Оваа земја која се фали со своето развиено здравство, според извештајот, реагирала меѓу последните  кои почнале да ја применуваат оваа техника.

Токму од тоа време време потекнува случајот со учениците од едно британско училиште- сите хемофиличари- кога  над нив, исто така, било применето „експерименталното лекување“. Како последица на тоа, од 72 деца кои примиле трансфузија со заразена крв, само триесет останале живи.

Ваква нездрава крв била давана во текот на хирушки интервенции, а ја примале и новороденчиња, па правни експери сметаат дека во скандалот има основа и за кривична одговорност.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе