Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Загинат и повредени патници во турбуленција

Загинат и повредени патници во турбуленција

Еден патник загина, а други триесетина се потешко и полесно повредени во авионот на компанијата „Сингапур Ерлајнс“, откако леталото било погодено од невоoбичаено силна турбуленција, за време на долгиот лет од Лондон до Сингапур.

Авионот „Боинг 777-300ЕР“ веднаш по инцидентот бил пренасочен кон Тајланд и неговиот главен град, па слетал во Бангкок, за да се прифатат големиот број повредени патници. Во леталото имало 211 патници и 18 членови на екипажот.

Оштетена внатрешноста на авионот

На аеродромот , авионот го пречекале голем број возила за итна медицинска помош, а снимките на патниците, направени од нивните мобилни телфони, што сега се наоѓаат на социјалните мрежи , покажуваат како медицинските служби изнесуваат патници во носила.

Вкупно 18 патници морало да бидат хоспитализирани, поради сериозните повреди здобиени од турбуленцијата,  други 12 се задржани во бангкошките болници, додека уште десетина поминале со полесни повреди, па по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Снмките што ги направиле патниците, уште додека траела турбуленцијата,  откриваат и детали од ситуацијата во која се нашле луѓето, како и детали од изгледот на оштетената внатрешност на авионот после инцидентот.

Патниците „летале во небо“

Турбуленции во текот на авионските летови се честа и  се вообичаена појава и на пократки дестинации. Но, вакви силни турбуленции, со последици за патниците и за леталото, се мошне ретки. Засега се уште нема официјални податоци за тоа што навистина се случувало со авионот. Нема податоци ниту за тоа како загинал несреќниот патник.

Еден од патниците, за медиумите има објаснето што се случувало и рекол  дека „Боингот“ наеднаш почнал да се наведнува на едната, па на другата страна и мошне силно да се тресе.

„Наеднаш, авионот почна длабоко да пропаѓа, како да се урива, а сите патници кои беа во седиштата, а не беа врзани со безбедносните појаси, наеднаш одлетаа кон таваницата на авионот“- има изјавено еден 28 годишен патник кој останал само со сосема лесно повреден. Рекол дека бил врзан за своето седиште.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе