Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Иран без претседателот Раиси

Иран без претседателот Раиси

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси,  ултраконзервативец меѓу политичката елита во Иран, кој уште од  порано беше ставен на американската „црна листа“ , загинал при паѓањето на претседателскиот хеликоптер.

Инцидентот се случил во северозападниот, планински  реон на државата, блиску до границата со Азербејџан, каде Раиси се има сретнато со азербејџанскиот претседател Алиев. Во време на падот на хеликоптерот, условите за летање биле тешки поради густата магла, јавуваат иранските медиуми, иако останува нејасно како леталото во кое се наоѓал претседателот можело да се загуби во иранскиот воздушен простор.

Смрт во паднатиот хеликоптер

Признанието за смрта на претседателот доаѓа откако претходно, од Техеран  се јавуваше за „тврдо атерирање„ на хеликоптерот, како  и за тоа дека не се знае ништо за судбината на шефот на државата. Во  понеделникот , меѓутоа,  беа откриени остатоците од леталото во кое се загинати сите девет лица од неговата придружба, меѓу кои и министерот за надворешни работи.

Веста за тоа ја потврдил и потпретседателот на државата  Мохсен Мансари кој според Уставот ќе биде в.д. претседател до изборот на нов шеф на државата, што ќе треба да се изврши во следните 50 денови.

Смрта на Раиси се смета дека се случува во време на посебно сложена ситуација во Иран и на Блискиот Исток. Во време кога седуммесечната војна на Израел со проиранската , палестинска организација Хамас, што ја предизвика масовниот терористички напад на хамасовските терористи, зад кои се сомнева дека стои Техеран.  како и случувањата во и околу Газа, максимално ги имаат подигнато тензиите во регионот.

Постојана војна со Израел

Сето тоа фрли нова светлина и врз децениското судирање на Израел и Иран, откако во Техеран беше соборен од власт шахот Пахлави, за да наместо него се воспостави суров, клерикален режим , предводен од ајатоласите, кои покренаа војна против постоењето на државата Израел на Блискиот Исток, подржувајќи ги сите групи и организации во поширокиот регион – како палестинскиот Хамас и либанскиот Хезболах.

Во минатиот месец , работите ескалираа кога  режимот во Техеран покрена масовен напад врз Израел со ракети и беспилотни летала. Станува збор за случај без преседан и за Иран и за целиот регион- што се правдаше како  одговор за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Сирија.

Во тој напад, беше убиен главниот командант на милитантната елитна Револуционерна гарда, за која се вели дека престставува  во држава во Иран. Зад одлуката да се нападне од далечина израелската територија стои и крано радикалниот претседател Раиси.

Една недела подоцна , возврати Израел со напад на Иран , во реонот на градот Исхафан, но благодарејќи на силниот притисок на САД, со далеку помал воен интензитет.

Пресметка со сопствениот народ

Кога светот очекуваше разгорување на судирањата, се случи да престане директното војување. Но, старата војна остана, а не се гледа ниту крајот на судирот со Хамас кој добива и подршка и пари и вооружување за својата војна против Израелците, од режимот во Техеран.

На внатрешен план, пак, Иран со Раиси како шеф на државата, иако врховен лидер е остарениот ајатолах Али Хамнеи, ја има засилено пресметката со сопствениот народ , што во еден подолг период предизвика експлозија на незадоволството на Иранците, пред се, на младите.

Таквата ситуација ја одбележа целата 2022 година во која доминираа демонстрациите против суровиот клерикален режим, предизвикани од смрта на Махсе Амини која почина во затворот на злогласната иранска „морална полиција“, откако беше приведена затоа што ја има тргнато  од себе забраденоста, Нешто кое е задолжителна за жените  во последните 40 години, откако ајатоласите ја водат земјата.

Власта на тоа одговори со вистинска војна против разбунтованите млади Иранци.

Одржување на регионална нестабилност

Не се знае колку лица се убиени во демонстрациите во кои полицијата користеше огнено оружје , или брутално ликвидирани во елиминацијата на противниците на режимот.

Најстрашното  е што демонстраните не правеа пуч и не бараа промена на власта , туку само реформи и ублажување на сега суровите правила за живот- за однесување и облекување – односно против  она што утраконзервативните клерикалци го сметаат за „повреда на јавниот морал“.

Демонстрациите засега се стивнати, што не значи дека се изменети и внатрешните состојби во оваа држава која сака да стане лидер на Средниот Исток кој ќе има контрола врз поширокиот регион.

Ебрахим Раиси  имаше силна улога во таквото позиционирање , па затоа се очекуваше тој да биде наследник на Хамнеи. Тоа навестува дека  наследникот на загиатиот ирански претседател нема  да се разликува од него.

Се верува дека ајатоласите ќе изберат  нов претседател кој ќе дејствува за одржување на интензивната регииналната нестабилност.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе