Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Актери бараат враќање на Кевин Спејси

Актери бараат враќање на Кевин Спејси

Група филмски актери , меѓу кои Шерон Стоун, Лијам Нисон и Британецот Стивен Фрај побараа од продуцентските куќи и од режисерите враќање на филмот на нивниот колега Кевин Спејси, два пати добитник на наградата Оскар.

Спејси се нема појавено во било која филмска, или телевизиска улога, ниту глумено уште од 2017 година, кога беше обвинет за сексуално вознемирување и за силување.

Веднаш беше отпуштен од работата на филмот. Доби отказ од натамошното настапување во култната серија „Куќа од карти“ , а беа „избришани“ па  преснимувани деловите од неговите  (веќе снимени) улоги во некои филмски проекти.

„Измислени и подметнати работи“

Минатата година, меѓутоа, актерот беше прогласен за невин  по сите обвинувања за сексуален напад и за „сексуално насилство врз четворица мажи“, во периодот меѓу 2001 и 2013 година. Пред две години , судот ја има отфрлено и една отпосле додадена тужба против него, за наводно  извршено сексуално насилство.

Пораките со подршка за Спејси и со барање тој да може да се врати на филмот и да може одново да снима, беа испратени  преку лондонскиот весник „Дејли Телеграф“, откако британскиот ТВ Канал-4 емитуваше документарец во кој четворица мажи зборуваат против него.

Кевин Спејси ја има добиено наградата  Оскар за најдобра машка улога за филмовите „Дежурни виновници“ и „Американска убавина“. Во  едно интервју, пак , тој ги негираше сите обвинувања упатени кон него во документарецот.

„Ја преземам одгворноста за моето поранешно однесување и за некои направени потези. Но никако не може да прифатам одговорност и да се извинувам било  кому за измислени и подметнати работи , или пак за намерно предимензионирани ситуации, упатени на моја сметка„- има речено Спејси.

Некоректен потег на британски ТВ канал

Шерон Стоун, на пример, има речено дека едвај чека да го види Спејси како повторно работи. Според неа тој е генијален актер.

Познатиот британски актер и писател Стивен Фрај има речено дека е неприфатливо цел еден документарец да биде  направен и посветен на обвинувања кои не се и не биле кривично дело.

„Угледот и онака му е уништен за да се прават вакви работи, како што е потегот  на Канал-4 “ изјавил во својата подршка Фрај.

Лијам Нисон , пак, вели дека на актерската индустрија Кевин Спејси и недостасува и дека веќе се чувствува колку и е потребен.

Едно време , во првата декада на двеилјадитите години, Спејси  живееше и работеше во Лондон, како уметнички директор на познатиот лондонски театар Олд Вик, на чија сцена, своевремено има настапувано и прославениот британски актер Лоренс Оливије.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе