Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Путин го смени министерот за одбрана

Путин го смени министерот за одбрана

Владимир Путин во неделата го смени од функцијата досегашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу (69), дваесет и шест месеци  по почнувањето на руската инвазија врз Украина и војната во која Русите останаа заглавени.

Шојгу кој важеше за мошне близок соработник и лојален сојузник на претседателот, уште пред војната беше познато дека е   „омразен“ во редовите на војската , со која раководеше, меѓу другото (велат) и затоа што не е од руска националност.

Неомилен во војската

Во времето на големата моќ (воена и политичка) на паравоените сили „Вагнер“ и на нивниот лидер Евгениј Пригожин, на пример, сменетиот министер постојано беше критикуван за неспособност  поради неуспехот на украинскиот фронт, како и за бирократизирање на воениот врв и на министерството со кое раководеше. Беше напаѓан и од разни блогери, блиски на Кремљ и од такви воени аналитичари.

Не беше сменет, но беше видливо дека Путин никогаш на го зема во одбрана. Дури се мислеше дека го оставаше Пригожин јавно да се пресметува со Шојгу , додека претседателот  во ретките јавни настапи секогаш ја истакнуваше само „храброста и борбеноста“на војската.

Пригожин загина (или беше убиен) под се уште не разјаснети околности, а Шогју иако остана министер , остана и  натаму неомилен кај оние на кои требаше да им командува, па неговото сменување беше очекувано и беше само прашање на време кога тоа ќе се изврши.

Корупција во министерството

Излезе дека газдата во Кремљ го чекаше своето – пето по ред- прогласување за шеф на државата, како и апсењето на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов обвинет за корупција и земање „милијарди рубли“  поткуп- за да изгледа како казнување на министерот Шојгу,  затоа што не реагирал. благовремено,  со разрешување на корумпираниот прв соработник. Иванов кој сега се означува како „крал на поткупот“ ,  се соочува со казна затвор до 15 години.

Сменувањето на Шојгу може да наликува на случјот со Дмитри Медведев кој без најава беше сменет од премиерската функција, а потоа  беше поставен за потпретседател на „фамозниот“ руски Совет за национална безбедност. Практично, стана заменик на Путин во ова тело.

Познавачи на руските состојби , меѓутоа, сметаат дека Медведев требаше  да биде и  казнет и суден  за корупција, како и за злоупотреба на функцијата- преку која има обезбедено големо лично богатство- за себе и семејството- како во Русија , така и на Западот ( во Франција).

Моќниот Патрушев останува во Кремљ

За  Шојгу,пак,  нема вакви сознанија ( што не значи дека нема да се најдат, ако треба), но паѓа во очи што и тој  е преместен  во истиот овој Совет,  и тоа како негов генерален секретар –  на местото на еден друг моќник во Кремљ.

Станува збор за  еден од осумтемина „силники“- за  Николај Патрушев (73), раководител на сите руски разузнавачки агенции , кој е чест гостин во Западен Балкан, пред се, во  Белград, истакнувајќи ја на тој начин тесната соработка на руските и српските тајни служби. Посебно, и во случаи на прогонување на руските дисиденти и критичари на Путин, доколку се најдат на српска територија, за што на српските функционери им се делат одликувања.

Не се знаеше  каде сега ќе оди еден ваков човек, каков што е  Патрушев за кого на Запад едно време се шпекулираше дека би можел да се појави и како наследник на  Путин. Не се се знае ни што ќе биде со неговиот син Дмитри  кој е во владата,  како министер за земјоделство , но дилемата брзо ја прекина претседателот, оставајќи го покрај себе. Со декрет е именуван за помошник  на претседателетот

Што и да значи тоа, се покажа дека таткото Патрушев, кој е  од  кгбеовското друштво на Путин, а тоа го има целиот Кремљ под своја контрола , е премногу важен за да овој, доскоро   секретар  на Советот за безбеднист, биде   тргнат настрана.

Загрозен и Лавров ?

Оваа нова позиција му овозможува  да остена блиску до врвот на власта, а на Владимир Владимирович, да биде сосема блиску до него , кому „силники“ и натаму му се силно потребни – за одржување на режимот.

Смената на   досегашниот министер за одбрана и одлуката на таа функција да се постави економист , екс потпретседател на владата, а не професионален војник,  секако, не можеше да остане  без бројни коментари за тоа што сака да постигне Путин со ваквите разместувања.

Проценка е   дека „новиот цар“ во Кремљ – спроведува, или навестува-   чистка во  врвот на својата власт, во која,  како сега стојат работите , многумина не се чувствуваат безбедни. Во еден момент се мислеше дека во таква неизвесна позиција е  дури и шефот на дипломатијата – вечниот Сергеј Лавров кој 20 години е на таа функција.

Подоцна, наводно, се разбрало дека Лавров (75) бил безбеден и останува на позицијата, откако таквата одлука ја соопштил новиот министер за одбрана- Андреј Белоусов (65), зборувајќи во  улога на досегашен  заменик премиер во владата.

(Д.М.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе