Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Евровизија- музика и политика

Евровизија- музика и политика

Швајцарија и нејзиниот претставник  Немо се победници  на 68-от  избор за Песна на Евровизија, што се одржа во Малме, откако овој пејач кој се идентификува како небинарен, ги порази  во финишот на натпреварувањето  Хрватска, Израел, Франција и Италија.

Одлучувачко беше тоа што најголемиот број од стручните жирија предност при гласањето ,  му дадоа на Швајцарецот.

Политикански игри

Музиката на победникот , како и песните и спактакуларните настапи на  земјите- учеснички, сепак, годинава останаа во сенка на политиката и на политиканските игри на некои земји-учеснички.

Посебно во правењето политика од страна на  некои од учесниците кои во инсистирањето на своите политички уверувања, отидоа толку далеку што предизвикаа инциденти.

Поводот за сето ова беше одлуката на ЕБУ (организатор на натпреварувањето). прво да му дозволи на Израел, уште во март, да учествува на годинешниов музички фестивал, а потоа да го исклучи од натпреварот претставникот на Холандија, пејачот Јост Клајн кој веќе беше квалификуван за финалето.

Суспензија на Холандија

Причината за една ваква, крајно невообичаена одлука е- велат- инцидентот што тој го има предизвикано зад сцената, кон една од претставничките на продуценските екипи. Се инсистира дека тоа нема врска со Израел и со пејачката од оваа земја Една Голан , без разлика на претходната провокација на Холанѓанецот.

Тој на една прес конференција ( на која била и Голан) без повод ја има нападнато Израелката дека- „ треба да биде свесна дека со своето присуство ги загрозува сите учесници“. Приговарањето, во секој случај, е  без основа, затоа што не беше регистриран ниту еден безбедносен инцидент.

Но, над се, поводот за вмешувањето на политиката и за создавањето  нерзвозна атмосфера- во салата и надвор од неа- беше предизвикана кога  (музичари и културни дејци) 0д некои скандинавски земји (Шведска пред сите), како и разните пропалестински групи и органиации,   бараа Израел да се исклучи од годинешниов Евросонг, затоа што врши „геноцид“ врз Палестинците во Газа.

Барање исклучување на Израел

Не споменувајќи го притоа бруталниот и крвав терористички напада на Хамас од 7 октомври, во кој беа убиени две илјади цивили, тие бараа Израел да се казни како и Русија, која во 2022 годинна беше исклучена од Евросонг, поради инвазијата врз Украина.

Овие бараа еднаков третман да се има кон Израелците, како и кон Русите пред две години, иако не станува збор за истоветна ситуација. Русија нападна една соседна, независна држава , окупира и анектира делови од нејзината територија , без да биде загрозен рускиот територијален интегритет.

Израел , пак, беше нападнат од терористите на Хамас – без никаков директен повод- додека израелската јавност беше длабоко зафатена со внатрешната политичка криза.

Свирежи и овации

Некои медиуми, подоцна,  открија дека Јост (наводно) бил  западен русофил кој дури има правено и песни и пишувано стихови со воодушевување кон Русија.

Така или не, односот на ЕБУ кон него, предизвика контра-реагирање на други медиуми за тоа  дека му била одземена  слободата на изразување. Се тврдеше  дека  на пејачите требало да се дозволи да протестираат во одбрана на палестинската кауза, што ,инаку, е сосема спротивно од- со години на ред- воспоставената пракса на Евровизија за деполитизација на Евросонг.

На крајот работите се сведоа на тоа да и се свирка на Голан додека таа пееше, но  да добие и овации за настапот и за песната  која, инаку, беше целосно изменета, за да може да се појави на годинешниот фестивал. Според гласовите на публиката Израел на крајот беше втор- зад Хрватска.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе