Кралот Чарлс се враќа на работа
Бакингамската палата во Лондон соопшти дека британскиот крал Чарлс се враќа на работа. Односно дека се враќа на извршувањето на своите јавни обврски кои ги има како суверен на Обединетото кралство, после неколку неделното отсуство , поради примањето терапија и спроведеното лечење од карцином.
Ракот беше откриен во почетокот на февруари, откако беше подложрн на – како што тогаш бече речено- рутинска интервенција на простатата. Истражувањата на лекарите кои тогаш беа направени, меѓутоа, открија дека Чарлс има рак.
Ни тогаш, а ни сега не беше откриено каде е откриен карциномот, освен што беше речено дека не е на простатата.
Низа обврски во мај и јуни
Веднаш по враќањето од болница тој се сретна со актуелниот британски премиер Риши Сунак, а потоа беше објавено дека ќе се повлече ( на извесно време) од јавноста и од извршувањето на неговите монархистички обврски, за време на примањето на терапијата и лечењето.
Кралската палата сега објави дека Чарлс, заедно со сопругата, во почетокот на следната недела ќе го посетат центарот за лечење карцином и ќе има средби со пацинетите и со лекарите.
„Станува збор за првата во низата обврски кои кралот ќе ги има во наредниот период“- се вели во соопштението на Бакингамската палата.
Во јуни британската кралска двојка треба да им биде домаќин на јапонсиот цар и на царицата кои доаѓаат во Лондон на покана на владата на Велика Британија.
Реакција на интернет шпекулациите
Соопштението на кралската палата за враќање на кралот на работа, доаѓа брзо по појавувањето на шпекулациите на интернет и на написи на некои портали дека здравствената состојба на кралот се влошила.
Односно дека е „неизвесно до кога Чарлс би можел да ја издржи и да се бори со болеста“. Некои медиуми ( и во Британија) објавуваат написи за тоа што ќе се случи доколку состојбата на кралот навистина се влоши, па тој не може да ја извршува својата функција.