Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Протести против масовниот туризам

Zinah Insignia

Протести против масовниот туризам

Десетици илјади лица се собраа на улиците од шпанските Канарски острови демонстрирајќи против масовниот туризам на овој архипелаг во Атланскиот океан, покрај брегот на Африка.

Демонстраните носеле транспаренти на кои пишувало -„Жителите на Канарските острови не се за продавање“ или – „Почитувајте го местото каде живееме“ – барајќи притоа од властите и од инвеститорите да се воведе мораториум на туризмот.

Мораториум на туризмот

Гневните учесници на протестот тврдат дека сегашниот економски модел  на островите е штетен и за луѓето кои живеат таму , како и за човековата средина. Затоа  бараат – под итно- да се ограничи бројот на туристите кои ги има во текот на целата година.

Според демонстрантите, тие не се против туризмот  генерално, туку дека бараат менување на сегашниот модел, затоа што тврдат дека тој овозможува-  неограничен и неконтролиран раст на туризмот.

За почеток,  бараат да се запре изградбата на двата нови хотели во Тенерифе , инаку најголемиот, најразвиен и најнаселен остров, од вкупно седумте кои го сочинуваа архипелагот.

Освен тоа од властите се бара и жителите на островот да имаат право да се изјаснуваат при носењето на одлуките, врзани за развојот на локалниот туризам.

Канарските острови- магнет за гости

Демонстрации со подршака на оние кои протестираа на Канарските острови, се одржани и во Мадрид, како и во Барселона, каде исто така има организации и групи кои бараат од владата ограничување на масовниот туризам во овој медитерански град.

Сместени наспроти северозападнот африкански брег, Канарските острови , со години на ред ,  се вистински магнет за туристи од Европа и од светот, привлечени од плажите, како и од вулканските пејсажи.

На архипелагот постојано живеат 2,2 милиони жители, но на неговите острови во минатата година престојувале над 16 милиони туристи. Една четвртина од домашното население е вклучено и работи во туризмот кој на Канарските острови им носи 36 отсто од бруто националниот приход (БНП).

Шпанија со 85 милиони посетители

Шпанија е втората најпосетена земја во светот и во неа минатата година престојувале- како посетители, или како летувачи- 85 милони луѓе. Над 13 отсто од БНП на земјата, инаку четврта економја во ЕУ, се создава токму од туризмот.

Протести против се пораширениот масовен туризам , меѓутоа, се почесто и се повеќе, има и во разни делови од Шпанија- на југот и на југоистокот од земјата.

Владата бара начин како да се заштити локалното население, посебно во најпосетените места, а притоа да не и се нанесе штета на домашната  економија и на оваа гранка која носи голем приход.Но, се повеќе Шпанци веруваат дека тоа не е доволно за да се воспостави ред.

Протести како овие на Канарските острови, во минатата година, на неколку пати, имаше и во Италија- пред се, во Венеција.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе