Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Црна Гора: 79 отсто од граѓаните за влез во ЕУ

Црна Гора: 79 отсто од граѓаните за влез во ЕУ

Кога сега би се одржал референдум за влез на Црна Гора во ЕУ, дури 79 отсто од анкетираните граѓани во најмалата поранешна ЈУ република, би гласале за влез во Унијата.

Еден таков референдум е предвиден со пристапниот процес на секоја земја-кандидат за членство во ЕУ, на крајот од тој процес, откако успешно ќе завршат преговорите со Брисел, а Европскиот совет ја прифати земјата за нова членка.

Во секој случај, процентот на проевропски определеното население во Црна Гора е многу висок за земја која  се уште е во фазата на преговори, кои само поради црногорските внатрешно-политички состојби, не се знае кога ќе продолжат.

Силна подршка на европскиот пат

Според анкетата на Центарот за истражување при Меѓународниот републикански институт, направена во февруари и март, процентот напроевропски определените граѓани расте и се зголемува. Во споредба со последното вакво истражување, направено пред две години, процентот е зголемен  за осум отсто. Против влегувањето на Црна Гора во ЕУ се изјасниле осум отсто од анкетираните, што е за три проценти помалку пред две години.

На прашањето – дали Унијата има сериозни и искрени намери- на државите од Западен Балкан да им понуди полноправно членство- позитивно одговориле 60 отсто од акетираните, додека 28 отсто од граѓаните сметаат дека „Брисел не е сериозен во својата намера“.

Конечно, кога станува збор за надворешната политика и за определеноста на Црна Гора, 36 отсто сметаат дека земјата треба да го задржи сегашниот курс- кон Европа/ЕУ и Западот. Само три отсто сметаат дека земјата треба да се врзува за Русија, што е  малку кога се знае за руското  настојување за нејзината дестабилизација.

Србија најважен сојузник

Но, на ова прашање се гледа и големото српско влијание и позиционирањето на оние кои себе си се сметаат за етнички Срби. Во случајов, 22 отсто од испитаниците  се изјасниле за подеднакво , избалансирано однесување и кон Западот и кон Русија.

Се смета дека тоа е одраз на актуелната политика на официјален Белград кој продолжува со својата решеност да седи на две столчиња. Односно дека  Србија останува на својот европски пат и за тоа да влезе во ЕУ , но дека сака да биде и натаму  близок сојузник со Москва.

Определба која  е неможна , посебно сега кога Европа одново станува биполарна, и затоа што е наспроти врзувањето за единствената надворешна политика на Унијата, што сега се бара и од земјите кандидати.

Силното српското влијание се огледува и во тоа што една третина  од граѓаните се изјасниле дека Србија е за нив најважниот сојузник. Други 20 отсто сметаат дека тоа е и треба да биде САД.

Црна Гора прва во ЕУ?

Како и да е, започнатиот преговарачки процес и големиот број  отворени поглавја, како и високиот процент на подршка на влегувањето на земјата во ЕУ, ја прават Црна Гора силен кандидат за да биде и првата од Западен Балкан која ќе влезе во Унијата.

И тоа  во рокот што Брисел го има понудено- до 2030 година- при што процесот на зачленување би можел да започне од 2027 година, доколку некоја од земјите (од регионот) биде подготвена.

Некои европски дипломати, како и европски медиуми имаат проценето дека малечката Црна Гота (со своите 600 илјади жители) може навистина да биде првата во ЕУ од сегашните кандидати.

Не  само затоа што е најмала, туку затоа што нејзините граѓани се силно свртени кон својата европска иднина, што сепак не е случај кај сите другите.

Нема седење на две столчиња

Србија, на пример,  која ги има започнато преговорите пред десетина години, се уште нема затворено поглавје и е силно заробена со косовското прашање. Притоа, остава впечаток  дека не покажува ниту волја, а ниту спремност за кооперативност ( со ЕУ) и за компромис со Косово.

БиХ , пак,   од скоро е во фазата за отворање преговори, е длабоко заглавена со внатрешните меѓунационални расправии и 25 години по Дејтон, кои ги потпалуваат Србија и Русија, како и орбанова Унгарија,  и Хрватска. Албанија, од своја страна,  се уште не може да се ослободи од некои внатрешни состојби и покрај нејзината конструктивност околу косовската ситуација и со европските барања.

Македонија, пак, која ова време требаше да ги има отворено првите три поглавја на европскиот пат, го има проблемот со блокадите од нејзината националистичка, вмровска и антиевропска опозиција. Згора на тоа, таа уште е  и антизападна, а проруска, „оправдувајќи“ го ваквото свое предавство кон државните интереси, затоа што Западот и ЕУ – наводно- не ги почитувале нашите национални интереси.

Македонското гласање против Европа

За оние во македонската јавност кои сакаат да забораваат- во 2006 година, кога гласачите во Македонија (погрешно) се определија за вмровската опозиција , наместо за тогашната , проевропска власт, работите тргнаа назад.

Набргу стана јасно ( како во Србија сега) дека вмровците не сакаат во ЕУ. Наместо тоа,   почнаа да се вртат кон Истокот, за да може друштвото- кое набргу ги  покажа  своите криминални склоности – да владее како што сака и до кога сака.

Во таа година Црна Гора стана независна држава.

Дури тогаш, во годината на македонската изборна грешка, Црна Гора ја напушти дотогашната „мини“ Југославија на Слободан Милошевиќ и одлучи да тргне ( одново) како независна држава. Со онаквата нова власт во Скопје, Подгорица брзо ја престигна Македонија на европскиот пат и набрзо стана членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ, која ги започна преговорите со Брисел.

Актуелниот претседател, Јаков Милатовиќ е убеден дека земјата може да влезе во ЕУ во 2028 година- или за четири години.

(П.Т.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе