Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Заразните болести се вратија во Европа

Заразните болести се вратија во Европа

Долготрајната пандемија предизвикана од корона вирусот, службено беше завршена минатата година, но европскиот континент сега се соочува со епидемијата на голема кашлица. Во изминатите месеци таа е широко раширена низ Европа и продолжува да се шири, иако нема размери на пандемија.

Според бриселски  „Политико“ , станува збор за инфективна болест за која се зборувало уште во времето кога се пишувани романите на Чарлс Дикенс во деветнаесетиот век .

Сега , пак , болеста се означува како „последната (зараза) од времето на (британската ) кралица Викторија“ , почината во 1901 година, што се има вратено во земјите од Западот, откако епидемиолозите бележат силен скок на бројот на заболени и од сипаници, од ТБЦ, од маларија, но и од сифилис.

Рекорди на големата кашлица

Кога станува збор за големата кашлица, здравствените власти во Чехија велат дека се соочуваат со недостиг од вакцини против оваа инфекција, затоа што залихите биле  брзо истрошени, бидејќи оваа средноевропска држава бележи висок пораст на заболените-најмногу во последните 60 години.

Освен во оваа земја, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, нагло зголемување  на заболени од голема кашлица има и во Данска и во Белгија, како и во Шпанија и Велика Британија и во земјите од југот на Европа. Во Холандија, на пример, смртноста е двојно поголема.

„Оваа година регистриран е драматичен пораст на голем број од инфекциите и веќе сега може да се рече дека во 2024 година ќе се надминат сите рекорди, какви не се забележани во последните 30 години“- велат здравствени експерти.

Хрватска европско жариште

Британското искуство, изградено на примерот на Англија, го покажува големото и брзо раширување на оваа заразна болест. Во минатата година, англиските епидемиолози  имаат регистрирано 850 случаи од голема кашлица, додека само во еден месец, во фебруари годинава , се откриени дури 920 случаи.

Според експертите, во моментот, како европско жариште на оваа инфекција, сепак,  се означува Хрватска која беше во Западен Балкан, пред земјата да влезе во ЕУ. Во изминатите 15 месеци таму се забележани над 6500 случаи.

Како една од главните причини за наглото ширење на големата кашлица се посочува значителниот пад на стапката на вакцинација.

Во најголем број европски земји, бебињата ја добиваат првата доза – комбинација од вакцини против голема кашлица, дифтерија и тетанус-на возраст  меѓу  два месеца и една година. Втората доза се прима до двегодишна возраст, додека третата се прима во седмата година од животот.

Влијание на анти-ваксерите

„Политико“ забележува дека на бремените жени сега им се нуди и вакцина против голема кашлица, за да новороденчињата дополнително се заштитат од заразување и од болести.

Но, британското списание „Бритиш медикал Џорнал“ открива дека прифаќањето вакцина  е се помало меѓу британските мајки и забрзано се намалува, како последица на лажната пропаганда на анти-ваксерите.

Весникот посочува дека ако во 2017 година , процентот на вакцинација и вакцинирани изнесувал над 70 отсто , во септември 2023 тој се намалил на под 58 отсто.

Станува збор за британски состојби, од каде инаку и тргна антиваксерството,  потикнувано од  еден лекар кој  измисли , наводни, тешки компликации доколку бебињата се вакцинираат кои, меѓутоа,  никогаш не ги докажа.

Тоа малигно влијание на антиваксерството во Европа ( вклучувајќи го и  Западен Балкан), сепак, остави длабоки траги и последици. Силно се рашири насекаде, па предизвика  забрзано враќање на низа заразни болести за кои се веруваше дека се одамна исчезнати.

Сите смртни случаи се бебиња

Европските  здравствени експертите, затоа,  предупредуваат дека состојбата со кашлицата има предизвикано загрижувачка ситуација , затоа што  големата кашлица е најризична токму кај бебињата и доенчињата.

Болеста, навистина,  може да ги зафати и возрасните, но таа за нив може да биде само како незгода од времен карактер. Меѓутоа, кај бебињата и кај малите деца оваа кашлица може да предизвика сериозни компликации. Во некои случаи тоа да заврши дури и со смрт.

Впрочем, мнозинството од сегашните заболени се тинејџери на возрастод 15 до 19 години, но Евеопскиот центар за превенција и контрола на болестите, посочува дека-  сите смртни случаи, забележани оваа година, се однесуваат на бебиња помали од три месеци.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе