Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Грузија : Тепачка на пратеници про и контра Русија

Грузија : Тепачка на пратеници про и контра Русија

Расправата во Парламентот на Грузија, околу владиниот предлог- закон за-„транспарентност на странското влијание“ во земјата-  има предизвикано жестока расправија, која заврши  со општа тепачка на пратениците на власта и на опозицијата.

Инцидентот го има предизвикано  еден гневен пратеник на опозицијата  кој несогласувајќи се со  она што го зборувал пратеникот на позицијата, истрачал до говорницата и со силен, боксерски удар во лицето го соборил.

Нокаутиран проруски пратеннк

Долгата дискусија на пратеникот на владеачката партија Грузиски сон, Мамук Маданирадѕе предизвикала тој да почне да се расправа со опозициските пратеници, главно од партијата Лело. Но, откако тоа се одолжило, лидерот на другата опозициска партија Граѓани, Алеко Елишавили дотрчал до говорницата и го нокаутирал пратеникот на власта.

Настанала општа тепачка, по која пратениците на Грузински сон демонстративно ја напуштиле седницата, при тоа продолжувајќи со размена на тупаници во парламентарните коридори.

Работите почнале да се смируваат кога гневниот Елишавили ја напуштил зградата на Парламентот. Тој тврди дека тоа не го направил доброволно, туку дека бил набркан.

„Доста ми е веќе од овие руски агенти кои и служат само на Русија“- им изјавил Елишавили на новинарите.

Копија на законот на Путин

Притоа, тој рекол дека постојано се обидува „човечки да комуницара“ со пратениците од Грузиски сон , но тие Грузија и сите во неа ги водат назад- ков враќање во Русија.

„Ова затоа не е време да седиме дома, туку треба да излеземе на улица и конечно да расчистиме со нивниот „руски закон“ што сакаат ни го натурат на сила“- изјавил овој пратеник.

Станува збор за контроверзен закон за кој во Тбилиси се смета дека не е ништо друго, туку само праработена копија на рускиот закон, за блокирање на странското влијание во Русија, донесен на инсистирање на Кремљ. Заострен по руската инвазија на Украина.

Колку за потсетување-  со овој руски закон е определено  поединци и  организации кои на било кој начин  се поврзани со западните финансиски фондови, потоа сите НВО групи и организации, како и медиуми кои примаат  некаква материјална помош , или соработуваат со Западот, да се прогласуваат за „странски агенти„ а органзациите каде се ангажирани  за „странска агентура“.

Проруската власт не сака во ЕУ

Во проевропската грузиска јавност се верува дека еден ваков закон е натурен од Москва и е направен  под притисок на руската страна, што владеачкиот блок партии настојува да се донесе, бранејќи се дека станува збор за „сосема поинаков закон од оној во Русија“.

Владеачката партија Грузиски сон важи за силно проруска, иако јавно зборува дека е за Европа и за влез на земјата во ЕУ. Дури таа уверува дека нема против ниту за членството во НАТО, што за опозицијата е само лажна демагогија што се користи за залажување на јавноста и гласачите.

Според проевропската опозиција, во исто време кога власта зборува за ЕУ и за НАТО, таа  ги продлабочува своите врски со Москва, засилувајќи го авторитарното владеење со државата- според руски модел.

Опозиционерите, затоа,  не веруваат дека путинова Русија ќе и дозволи на Грузија  да продолжат на европскиот курс.

Две  руски инвазии

Посебно сега кога Владимир Путин поради таквото свртување на Украина кон Западот,  брутално ги казнува Украинците, а на сите другите околу Русија, па се до Балканот , им се заканува, дестабилизирајќи ги земјите во регионот и попречувајќи го нивниот влез во ЕУ. Сметајќи ја притоа  Унијата за поопасна за Москва и од НАТО.

Оваа земја, сместена под Кавказот, на два пати по распадот на СССР беше жртва на руската агресија.  Прв пат во 1992 година кога со обилна руска воена и материјална помош од Грузија се отцепи,нејзината провинција Абхазија, која Москва потоа ја призна за независна држава.

Втор пат тоа се случи во 2008 година, кога по руската воена интервенција врз грузиската територија, во  краткотрајната, осумдневна војна на Грузијците со Русите, се отцепи и Јужна Осетија, која сега бара да се приклучи  кон Русија.

Борба за европска Грузија

Од тогаш во земјата силно е заострена борбата меѓу проевропските сили ( сега во опозиција) и прорускиот фронт кој ја има власта, кој и понатаму е силен и покрај сите зла што Москва и ги има направено на оваа земја, по распадот на СССР.

Тој фронт сега настојува да се донесе законот, за кој велат дека (наводно)  и бил „неопходен на Грузија“ во „борбата со псеудо-либералните вредности“ за што проруските сили ги обвинуваат странците кои се „виновни и за промовирање на тренспарентноста“.

Грузија од декември минатата година е со статус земја-кандидат за ЕУ, но Унијата веќе се огласи дека Брисел  никако не може да се согласи и да брани и подржи еден ваков закон кој е и антиевропски и е против основните вредности на ЕУ.

(Т.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе