Во функција на режимот
Веднаш по терористичкиот напад на периферијата на Москва , на средноазиската филијала на џихадистичката Исламска држава (ИСИС), во која беа убиени над 140 лица, беше јасно дека режимот на путинова Русија ќе го бара виновникот- таму каде го нема.
И, беше експресно брзо најден, како што можеше и да се претпостави- во Украина, иако за тоа власта нема ниту еден доказ за ваквото обвинување. На тој список, веднаш потоа, беа ставени- дежурните виновници, како што тоа се правеше во времето на комунистичкиот СССР- Западот, а во овој случај – Америка и Британија- пред сите другите.
Без разлика што токму САД ги имаат предупредено Русите на заканата од „ терористички напад“ што тајните служби на Владимир Путин, Кремљ и рускиот претседател грубо го отфрли, обвинувајќи ги Американците за „ провокација кон Русија“.
Сериозен безбедносен пропуст
Не помогна признавањето на ИСИС-К дека тие го имаат извршено терористичкиот напад во „Крокус сити Хол“- како одмазда за политиката на Москва кон муслиманите во Русија и надвор од неа, а ниту снимките што џихадистите самите ги имаат поставено на интернет, што е типично за терористите на Исламска држава.
Едноставно, обвинувајќи некого од надвор- треба да се покрие безбедносниот пропуст на тајните служби, пропустот на Кремљ кој е управуван од шефовите на тие служби и над се- да се остави чист и негибнат – семоќниот руски властодржец , само десетина денови откако му беше овозможен уште еден претседателски мандат од шест години.
Во секоја нормална и демократска држава , прво ќе се покренеше истрага и некој ќе беше повикан на одговорност- од разузнавачките служби, до министерот за внатрешни работи, на пример, кој не се нема ниту огласено. Тоа во Русија, меѓутоа, не постои, па затоа нема назнаки дека ќе има одговорност, сменување и чистки во безбедносниот апарат.
Чекајќи ја реакцијата на Путин
Наместо тоа, сега се очекува да се види – како на најновиот терористички напад тоа ќе регира Путин. Односно кој и како ќе биде казнет- Украинците , а потоа и руското општествво- веројатно со ново режимско стегање на она малку слободи кон опозицијата- ставена во затвор, или побегната во странство- како и кон медиумите и врз целиот комплекс слободи на изразување. Сето тоа ( одново) објаснето како дел од борбата на државата против тероризмот.
На тој начин, нема да има одговорност за Путин, ако за тоа воопшто некој и зборува, што ќе се искористи за да се покрене нова кампања за тоа дека токму тој останува како „ единствениот кој може да ја заштити и да сочува Русија“.
Ваквата претпоставка политички експерти ја извлекуваат од она што се случува во земјата- во вакви ситуции- откако Путин, безмалку 25 години владее со неа- постојано зголемувајќи ја и засилувајќи ја својата лична власт и моќ. Од секој терористички напад, тој излегуваше посилен, наместо да понесе одговорност. Некои во Русија, затоа, велат дека доколку не беше тероризмот Путин немаше да стане руски претседател.
Тероризмот како изговор
Кога Борис Елцин, во август 1999 година го именува за премиер, извлекувајќи го од руската политичка периферија, овој школуван оперативец на КГБ, беше прикажуван како добар во боксувањето и силен џудист, што се покажа како мамка за демократски неуката просечна руска јавност.
Во тие турбулентни руски години, беше потребно на луѓето да им се покаже дека постои силен човек на врвот од власта ( од 2000 година, како претседател), каков што е Путин, кој може да ги заштитува и да ги брани.
Тоа е време на терористички напади во Русија, што според аналитичарот на Си-Ен-Ен, му помагаше – како изговор и оправдување- да ја разбива демократијата- за да се дојде до она што сега е познато како путинова Русија – во која нема демократија и не постои никаква друга алтернатива освен неговиот режим.
Сомнежи во тајните служби
Затоа и терористичкиот напад од минатиот петок, сега се користи за обвинувања на Украина, која ќе треба да ја плати сметката , заедно со Русите, чии слободи ќе бидат дополнително загрозени. Излегува така, дека тероризмот му помага за да владее како што владее, што пак кај делови од руската опозиција предизвикува сомнежи дека некои напади се изведени од оперативци на руските тајни служби.
Кремљ тоа го отфрла како измислување, а за тоа досега не се најдени ниту докази, но некои аначитичари потсетуваат на трите поголеми вакви тешки инциденти, после кои Путин има реагирано, онака како што сега реагира.
На пример, само еден месец по изборот за претседател, се случија терористички напади врз станбени блокови во Москва.
Стотици луѓе беа убиени, а за тоа беа обвинети Чеченците, иако имаше сомнежи дека тие се дело на власта- за да се најде изговор за покренувањето брутална војна против тероризмот, но и сепаратизмот во Чеченија.
Дубравка и Беслан
Избеганиот поранешен оперативец на ФСБ ( Федерална служба за безбедност) Александар Литвиненко , во бегалство тврдеше дека оваа разузнавачка агенција била вклучена во терористичките акции, а во тоа се сомневаше и новинарката – истржувач Ана Политковскаја. Но, остана само тоа дека и обајцата се мртви- тој убен со радиоактивен изотоп, во Лондон, а таа со куршум во грбот, во Москва.
Во 2002 година, чеченските екстремисти го запоседнаа киното Дубравка во Москва, заедно со 850 лица во него. По неколкудневната опасада, руските специјалци впумпаа гас во салата, после што 130 луѓе останаа мртви. Веднаш после тоа, Кремљ се одлучи за воведување остри анти-терористички мерки , со кои настрадаа медиумските слободи, а Путин има поголема контрола врз информациите.
Две години подоцна, дојде до најголемото терористчко судирање- во Беслан, на границата со Чеченија, кога исламски екстремисти заробија илјада лица- деца и нивните родители – во едно локално училиште . И сега е нејасно кој во кого има пукано, во операцијата за спасување, но над 330 лица, главно деца, останаа како жртви на тероризмот.
Телеграм како жртва ?
Како последица на таа страшна драма, Путин одлучи да ги укине изборите за регионални гувернери.Наводно, како мерка во борбата со тероризмот, а всушност, само уреди регионалните власти нему да му се одговорни, а не на граѓаните-гласачи.
После терористичкиот напад врз „Крокус Сити Хол“ руската јавност, но и европските аналитичари, очекуваат да видат што сега ќе уследи .
Што ќе биде покрај ( веројатното) бруталното изживување врз Украинците кои ќе бидат казнувани затоа што – „им оставиле отворен прозорец за бегство“ на терористите- како што тоа го им речено тешко погодениот Владимир Путин. Признавајќи, притоа, за прв пат, дека екстремни исламисти (сите од Таџикистан) се извршители на нападот.
Медиумите и оние преостанати слободи се веројатно , први на удар. Портпаролот на Кремљ, двосмислено навести дека тоа би можело да биде забраната на социјалната мрежа Телеграм. „Засега нема ништо такво, но тоа не значи дека неможе да се случи“- има речено Дмитри Песков.
(Спектатор)