Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Газа претставува локација вредна за инвестиции“

„Газа претставува локација вредна за инвестиции“

Брегот на појасот Газа, (каде од повеќе од пет месеци се води војна меѓу израелските сили и терористичката палестинска организација Хамас), претставува локација која има исклучителна вредност за инвестирање, па затоа и има голем потенцијал за вложување.

На овој начин размислува Џаред Кушнер, поранешен советник во Белата куќа, за Блискиот Исток, но кој од тоа време остана повеќе запаметен како зет на Доналд Трамп, оженет за неговата ќерка Иванка.

Кушнер како инвеститор?

Според Кушнер, кој самиот има изјавено дека сега се занимава со бизнис и со инвестиции- во секторот ( градежништво) што, инаку, од Трамп има направено милијардер-„ имотот на медитеранскиот брег на Газа може да биде мошне вреден , но доколку луѓето се насочат кон создавање средства за живот“.

Изјавата потекнува уште од средината на минатиот месец, во разговор за каналот на ЈуТјуб- „Блискоисточни иницијативи“ , што сега го објавува лондонскиот весник „Гардијан“.

Изјавата веднаш предизвика најразлични коментари- затоа што делува несериозно да се зборува за инвестирање на простор што сега е поприште  на кое секој ден гинат луѓе, на кое Хамас и натаму држи како заложници, израелски цивили,грабнати при бруталниот напад на 7 октомври и одведени во Газа. Без да се знае колкумина од нив  се уште живи.

Зетот на Трамп нуди решение

Но, повеќе  затоа што за тоа зборува зетот на Трамп, кој најверојатно ќе биде кандидат на американските републиканци на ноемвриските претседателски  избори, за кого се знае од првиот претседателски  мандат дека ја користи политиката и својата функција, за да се прават вносни зделки.

Особено што зетот Кушнер се осврнува и на сегашната ситуација во реонот на Газа  во која доминира најавата на Израел да изврши конечна офанзива врз малиот град Рафа, на југот од тесниот појас, во која како бегалци од другите делови, се сместени околу 1,5 милиони цивили. Според  Израелците, токму таму се сокриваат „последните сили на Хамас, кои ги користат цивилите како жив штит“.

Поранешниот советник, кој треба да се претпостави дека добро ја познава палестинската и целата блискоисточна ситуација, во споменатиот разговор има дадено свое видување за ситуацијата и притоа нуди решенија- како да се одбегнат човечки жртви во текот на израелската операција во Рафа.

Булдожери во пустината Негев

„Таму, навистина, постои една несреќна ситуација, но зборувајќи од перспективата на Израел, јас би направил се што е можно за да се исеалат сите тие луѓе, па дури потоа би започнал со операцијата за чистење на територијата“ има речено Кушнер, инсистирајќи на некакво решение, пред да се тргне во елиминација на Хамас.

Кушнер притоа признава дека ваквата негова замисла е неоствралива и  според западни експеерти- за израелската страна уште и навредлива да се споменува- Израел на своја територија да префрла Палестици од Газа.

„Знам дека ова нема да биде популарно решение , но верувам дека тоа е подобра опција за завршување на работите во Газа“- рекол зетот на Трамп.

Трамп ги налути Евреите во САД

Во меѓувреме, тастот во оваа семејна бизнис- дипломатија, кој верува дека ќе се врател во Белата куќа , се има пофалено дека тој има подобро решение за војната и за Блискиот Исток, од актуелниот претседател Џо Бајден.

Но, кога бил прашан од новинарите во САД за да го прокоментира притисокот на администрацијата во Вашингтон врз Бенјамин Нетанијаху, Трамп се нафрлил врз демократите во Америка и врз еврејските гласачи кои на американските избори гласаат за Демократската партија.

Во својот веќе познат арогантен и кавгаџиски стил, човекот што сака да биде лидер на сите Америкнци, за овие гласачи рекол дека – „Оние Евреи кои гласаат за демократите  , во основа , не го сакаат Израел и дека тие не се чвствуваат ниту како Евреи“.

Успеал само да предизвика гневна реакција од бројните еврејски заедници и организации и незадоволство во изралската јавност што ги дели американските Евреи на добри и на лоши.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе