Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Нолан заработи на Опенхајмер

Нолан заработи на Опенхајмер

Кристофер Нолан и неговиот филм „Опенхјамер“ ги собраа сите годинешни главни филмски награда- Златен Глобус и Оскар во Америка, како и британската награда Бафта- овозможувајќи ова биографско филмско дело за „таткото“ на атомската бомба, досега да инкасира над една милијарда долари.

Овој филм на Нолан, кој успеа да ја освои публиката, но и филмската критика, насекаде каде е прикажан, меѓутоа, и нему како автор му носи голем успех, обезбедувајќи му висок статус во Холивуд- како еден од најскапите и најпривилегуваните режисери.

После „Опенхајмер“ Нолан го нарекуваат „најголемата филмска ѕвезда“ , па овој 53 годишен режисер така е и платен за  работата на својот последен филм.

Врв во кариерата

Според американското списание „Форбс“ Нолан има договор со кој заработува 15 отсто од бруто приходите што ги остварува филмот на кино-касите.

Тоа значи дека тој заработува  уште пред да се направи крајната сметка на судиото. Што ќе рече дека- од продадените влезници, од продажбата на дискови  и од лиценцирањето од (сегашниот) прв период на прикажување, Кристофер Нолан ќе заработи 72 милиони долари.

Станува збор за заработката пред да биде оданочен и пред да биде платена провизијата за неговиот деловен агент и за адвокатот. При тоа, не заборавајќи дека  заработувачката ќе се зголемува како филмот ќе се прикажува низ светот.

Во секој случај, се смета дека ова е врв во неговата досегашна ( успешна) режисерска кариера, во текот на која е често номиниран за наградата Оскар, како  за режоја, така  и за сценарио. Овој пат, сите се согласуваат дека има направено вистиски хит кој трае три часа и во многу делови е црно-бела техника.

Заработка и од кин0 влезниците

За Нолан се вели дека секој филм што досега го има правено- од првиот „Инсомнија“ – каде се јавува како продуцент, има остварен приход за компанијата од најмалку 100 милиони долари од продажбата на кино-билети.

Долго има соработувано со „Ворнер Брос“ и важи  филмаџија кој не сака компанијата да го  стави филмот, веднаш по премиерата,  на својата стриминг програма.

Кога „Ворнер Брос“  во 2020 година се определи за ваков стил на работа, Нолан ја има прекината соработката. Затоа филмот „Опенхајмер“ го има правено со „Универзал“, откако во игра биле и „Сони“ , „Парамаунт“ и „Епл“.

Со новата компанија се има спогодено за буџет од 100 милиони долари и уште толку за маркетинг на филмот.

Привилегувани режисери

За себе од компанијата, првично, има побарано 20 отсто од бруто приходот, сметајќи и дел за сопругата, која изминатите 20 години е со него и како партнер во продукцијата.

Но, сепак, се согласил за 15 отсто што се покажа дека  и тоа не е малку. Уште повеќе што малкумина филмски режисери ( и продуценти)  се привилегувани да добијат дел од приходот од  кино-влезниците.

Таа  привилегија  во Холивуд  сега ја имаат големите режисерски имиња, како што се Стивен Спилберг, или Џејмс Камерон.

За таква можност се има договорено и актерот и продуцент Том Круз, кој за продукцирањето на филмовите од (мошне гледаната)  филмска  серија „Невозможна мисија“  добива 12,5 отсто од приходот на кино- касите.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе