Америка наскоро без Тик-Ток
Америка може наскоро да остане без популарната социјална мрежа Тик-Ток, откако Претставничкиот дом ( Долниот дом) на Конгесот на САД со уверливо мнозинство го усвоија законот, според кој мрежата ќе се забрани доколку нејзините сопственици на ја продадат. Законот се носи од безбедносни причини.
Сега останува законот да биде потврден и во Сенатот, па Американците да останат без Тик-Ток, затоа што Белата куќа веќе објави дека претседателот „чека да го потпише новиот закон“.
Кавга со Пекинг
Сопственици на мрежата се Кинезите, па тоа веднап предизвика ново бранување во нивните и онака затегнати односи. Официјален Пекинг обвинува дека САД „го прогонуваат Тик-Ток , иако немаат докази дека оваа мрежа е закана и дека е опасна за американската безбедност“.
Во својот познат стил, Кинезите тврдат дека ваквиот потег на Америка ќе „предизвикал губење на довербата на странските инвеститори во стабилноста на глобалниот пазар“, како и дека доколку тоа, сепак, се случи, забраната „ќе ја удри по глава самата Америка“.
Како и зошто, од Пекинг не кажуваат, но затоа од својата вила на Флорида се огласи Доналд Трамп, кој претендира не само да учесдтвува во изборната трка во ноември, туку дури и да се врати во Белата куќа.
Трамп ги брани Кинезите
Иако и сега ја повторува старата парола- „Америка пред се“- овој милијардер кој еднаш покажа дека залутал во политиката, во случајов застана во одбрана на Кина и на кинескиот Тик-Ток.
Згора на тоа- налутено им порача на администрацијата и на Џо Бајден дека од забраната – полза ќе имаат само непријателите…на народот.
Брзо стана јасно дека овој човек, за кого неговите критичари велат дека- „секогаш ќе погреши , кога ќе почне да заборува“- за „народен непријател“ ја прогласува американската компанија Мета, на Марк Цукерберг, која е сопственик на Фејсбук и на Инстаграм, меѓудругото.
Наводно само Мета ќе профитирала од забраната, а дека многу Американци, главно млади, ќе бидат разочарани и загубени.
Неразумна одмазда кон Фејсбук
Ваквата негова изјава брзо предизика реакција во САД, но и во светот, откако стана јасно дека човекот кој сака да ја предводи државата, застанува зад противникот на САД и дава изјава која во основа е антиамериканска.
Само поради својаата осветољубивост и желбата да му се одмазди на Цукерберг затоа што ( привремено) беше суспендирана Фејсбук страницата на Трамп , во времето кога лажно тврдеше дека изборите во 2020 година биле „фалсификувани“ и повикуваше на пуч против легално избраниот нов претседател, што значење кршење на Уставот на САД.
Неразумната изјава со која се заштитуваат Кинезите уште доаѓа по сознанието дека од почетокот на февруари, претседателската кампања на Трамп се емитува и се шири и на Тик-Ток- сознание кое на вмешувањето на претендентот за републикански кандидат на изборите во ноември, му дава сосема друга димензија. Освен што покажува и за каков кандидат станува збор.
Републиканците против Трамп
Иако изјавата се појави пред гласањето во Конгресот, републиканските конгресмени не мислат како Трамп, кој останува единствен кандидат на Републиканската партија.
Конгресмените од двете партии го усвоија законот за Тик-Ток , а медиумите откриваат дека за него биле многу повеќе републиканци отколку демократи.
„Комунистичка Кина е најголемиот американски непријател кој ја користи технологијата за да ја поткопува американската економија и безбедниост“- има изјавено Спикерот на Конгресот Мајл Џонсон, инаку републиканец.
Спореед него, гласањето во Конгресот, сложно и од двете партии, го покажува нашето противење на обидите да се шпионираат американските граѓани.
Безбедносните служби на САД, социјалната мрежа Тик-Ток може мошне лесно да се користи за пристап до разни податоци на Америка и на Американците.
Ширење штетни и лажни информации
Но, безбедносни експерти објаснуваат дека мрежата се користи и за ширење на штетни и на лажни информации и за потикнување омраза и насилство.Згора не се од тоа, сите вакви сознанија (се смета) сега завршуваат кај кинеските тајни служби.
Над 170 милиони Американци ( половината од населението) ја користи оваа мрежа. Освен приватни лица, најмногу млади, мрежата ја користат и иладници мали фирми во САД. Мрежата е во посед на моќната кинеска компанија Byte Dance. која има покренато агресивна кампања против законот.
Во Европа, во ЕУ и посебно во Германија, исто така се испитуваат заканите од оваа мрежа. Овде од штетното влијание што го има врз младите, посебно, затоа што преку Тик-Ток се пласираат расистички, националистички и екстремистички пораки.
Крајно десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АфД) е најголем корисник на мрежата за своите екстремни , десничарски цели.
(С.Г.)