Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Сликата на Кејт со децата е фотомонтажа“

„Сликата на Кејт со децата е фотомонтажа“

Принцезата од Велс, самата ја има доработено фотографијата што ја има снимено нејзиниот сопруг, принцот Вилијам,  на која таа е снимена со  трите деца- се вели во соопштението на Кенсингтон палатата, што го објавија британските медиуми. Во него  Кејт Мидлтон и се извинува на јавноста за тоа што го направила, прифаќајки дека тоа било некоректно.

Но, фотосот, што требаше да биде честитка на принцезата за Денот на мајките во Британја и да ги тргне настрана  приказните за „тешката болест“ на популарната Кејт, се претвори во ПР фијаско, како  на Палатата , така и на кралското семејство, долевајќи ново сомнежи за нејзината здравствена состојба.

Уште повеќе што експерти тврдат дека сликата „ не е доработена, туку дека станува збор за фотомонтажа“.

Непрофесионално и неодговорно

Кејт се нема појавено во јавноста уште од јануари, кога беше соопштено дека е оперирана на абдоменот, без да се каже причината за хирушката интервенција. Освен дека не станува збор за канцер.

Од тогаш,  над 70 денови принцезата е целосно отсутна. Таа е на долго боледување, иако станува збор за млада жена (42 години), која до Божик, кога беше последен пат видена со семејството, делуваше и здраво и сосема бодро. Токму затоа , долгото  постоперативно опоравување  создава простор за разни шпекулации.

Пред се, бидејќи  соопштението оти таа самата- има дотерано  некои детали-  предизвика сосема поинаков ефект од посакуваниот. Лондонските медиуми му замераат на кралското семејство што ја сокрива вистината за здравјето на Кејт, кога веќе беше соопштена здравствената состојба со кралот Чарлс.

Особено што   некој одлучил  да се појави фотографија која (веројатно) е стара и можеби и фотомонтажа, а  сето тоа да се изведе и непрофесионално и неодговорно.

Засилени шпекулации

Се смета дека ќе беше подобро ништо да не се прави, отколку вака да се предизвика гнев кај новинските агенции кои побрзаа веднаш да ја тргнат неоригиналната фотка. Оставајќи ја меѓувреме јавноста во Британија да не знае- во  што може да верува.

ПР службата на кралското семејство, меѓутоа,  продолжува со истата практика, без разлика што се вели дека таа се покажа погрешна.

Наместо да се објави вистината за состојбата со Кејт,  се појавуваат нови фотоси. Прво, дека принцезата е сосема во ред и вози автомобил, заедно со нејзината мајка, а потоа, дека се појавила (во автомобил) со сопругот Вилијам. Лондонски „Индепендент“ признава дека новата слика е крајно нејасна за да покаже било што.

Засега останува принцезата да се појави во јавноста на крајот од овој месец. Некои медиуми, пак, тврдат дека Кејт Мидлтон ќе биде отсутна се до почетокот на јуни.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе