Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шарлроа- најлош аеродром во светот

Шарлроа- најлош аеродром во светот

Белгискиот аеродром Шарлроа, што е сместен недалеку од Брисел, е прогласен од патниците, посебно  деловните луѓе, за најлошиот аеродром во светот- според бројот на патниците кои минуваат низ него- покажува анкетата која ја објавува порталот Business Financing.

Аеродромот е одалечен педесетина километри од главниот белгиски и европски град, до кои се стигнува за 45 минути со автобус, но иако  ( практично) е дел од пошироката авионска мреже  на Брисел и е позната дестинација за сите ниско-буџетски компании ( меѓу кои и Визер), меѓу патниците има крајно лоша репутација, поради неорганизираноста и редовната пренатрпаност со патници- проблем што никако не се надминува.

Најдобар – аеродромот во Ханој

На скалата со оценки од еден до десет, Брисел-јужен Шарлора, како што е службеното име на аеродромот, во анкетата има добиено најниска оценка- само 1,2. Пред него се и други два исто така означени европски аеродроми- Берлин Бранденбург во Германија и британскиот Лидс-Братфорд.

Како изненадување се смета резултатот од анкетата за тоа дека за најдобар аеродром е прогласен Нои Баи во Ханој, главниот град на Виетнам кој има добиено просечна оценка 6,8.

Бизнис и сообраќајни експерти, меѓутоа,   објаснуваат дека првото место на ханојскиот аеродром  се должи, пред се, на  позицијата што оваа ( комунистичка) земја во Југоисточна Азија забрзано ја освојува- како популарна дестинација за странски инвестиции, која се отвори за Виетнам во сегашната кризна фаза на американско-кинеските односи.

Патниците за Нон Баи имаат речено дека станува збор за исклучително чисти терминали, за услужнен и љубезен персонал и за голем избор на најразлична храна. Уште два други аеродром од тој дел на светот се  рангирани како втор и трет- аеродромите во Сингапур и во Хонг Конг. Овие два аеродром и досега беа рангирани при самиот врв.

Меѓу првите десет најдобро рангирани, само еден од од Европа- аеродромот во Хелсинки кој е поставен како пети најдобар во светот.

Ниски оценки за Лондон/Лутон

Ништо подобро не поминале ниту американските аеродроми кои постојано се полни со патници, како  од САД, така  и од секаде во светот, па така најдобро рангиран во оваа анкета е аеродромот во Чикаго, на 19 место. А лошо се оценети и британските аеродроми, посебно оние во и околу Лондон.

Најголемиот од нив во Британија и во Европа – Хитроу, на кого секои 30-40 секунди слетува еден авион- некако ја одржува својата репутација. Но, лоши оценки му се дадени на третиот по големина аеродром во британскиот главен град- Станстед. А, особено ниски оценки има за  петиот по големина и значење аеродром-  Лутон, каде слетуваат и од каде полетуваат авионите за и од Скопје .

Аеродромот Лутон, како и белгискиот Шарлроа се означуваат како своевидни  база за сите европски ниско-буџетски авионски компании.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе