Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Бетанкур остана без 7 милијарди во еден ден

Бетанкур остана без 7 милијарди во еден ден

Најбогатата жена во светот, Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс драматично ја има намалено својата берзанска вредност , отако во минатиот викенд , акциите на козметичката компанија „Лореал“ – само во еден ден- се намалија за цели 30 отсто, што никогаш досега се нема случено.

Според американското списание „Форбс“ богатството на Бетанкур-Мејерс и на нејзиното семејство во  24 часови е помало  за седум милијарди долари и сега изнесува 91, 7 милијарди. Таа и понатаму останува најбогатата жена во светот, затоа што и сега ја надминува второпласираната Алис Волтон, сопственичка на американскиот трговски синџир „Волмарт“ за 26 милијарди долари.

Но, иако останува на 15 место на најбогатите, 70 годишната Французинка, по драстичниот пад,  стана најголемиот губитник меѓу милијардерите во светот на големиот бизнис.

Таа ( со семејството) е доминантен сопственик во овој козметички гигант . За неа се знае дека е внука на основачот на „Лореал“- Еуген Шулер и единствена ќерка на некогаш најбогатата Французинка и жена во светот Лилијан Бетанкур. Сега ја има функцијата  потпретседател на Управниот одбор на компанијата.

„Лореал“ е шеста по вредност во Европа, според пазарната капитализација.

Пред неа се гигантот за слабеење „Ново Нордиск“, прехранбениот гигант „Нестле“, потоа холандската компанија за  полупроизводни чипови АСМЛ и познатата модна марка „Луј Вутон/Хермес“. Како делови од „Лореал“ се и „Киелс„ „Мејбелин“ и „Гарние“.

Само од почетокот на оваа година, вредноста на акциите на компанијата на Бетанкур  е помала за девет отсто, што има предизвикано пазарната капитализација на „Лореал“ да се намали за 25 милијарди долари.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе