Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Будалести пораки во воено време

Будалести пораки во воено време

Доналд Трамп се пофали дека ќе ја „охрабрел“ Русија да нападне некоја од земјите во НАТО доколку таа ги  нема подмирено своите обврски кон Алијансата- издвојувајќи барем два отсто годишно од  домашниот буџет за своето вооружување.

Зборувајќи пред своите десничарски   подржувачи, на собир во Јужна Каролина,  тој одново покажа дека не се изменил, настојувајќи да ги уверува Американците во своите политички и државнички способности – што инаку, не успеа да ги покаже во неговите претседателски години меѓу 2016 и 2020 година, додека беше во Белата куќа.

Трамп создава тензии

Овој пат, уште еднаш се зафати со сериозни работи- како што е безбедноста на САД и на светот- и само успеа да предизвика подигнување на тензиите меѓу американските сојузнци , како и меѓу САД и Европа, за да подоцна  се обидува да зборува дека бил погрешно разбран , или дека се што ќе му се припише за зло- да го дисквалификува за „fake news”.

Засега нема такви реакции и контра коментар, а можеби нема ниту да уследи. Но, факт е дека овој њујоршки бизнисмен кој сака (одново) да ја води Америка,  охрабри агресија врз некоја од државите на НАТО.

Тоа предизвика коментарите на некои  традиционални републиканци да се сведат на тоа  дека- не треба да му се верува многу, или дека  Трамп знае да „откачи“ нешто за да биде во медиумите кои од него ќе прват водечки наслови.

Градејќи  слика на постојано намтурест стар човек (78 години), кој  постојано бара и наоѓа некаква закачка. Сега ставена во кампањата за собирање гласови за номинацијата за претседателските избори во ноември.

Кавга со Меркел во 2019 година

А, не е прв пат да се расправа на оваа тема. Во 2019 година, на пример, за време на јубилејот на Алијансата, тој се искара со Ангела Меркел, посочувајќи ја како „негативен пример“ – како некој кој не си ги исполнува обврските – на што таа му возврати – дека купувајќи (многу) и исклучиво американско оружје, Германија вложува и повеќе од минималните два отсто за вооружување.

Колку за илустрација- најмногу издвојуваат САД-3,49 отсто од својот  буџет. Британија, на пример, издвојува 2,о7 отсто, но затоа  Германија, Франција, Италија и Шпанија се под два отсто.

Државите  кои се покрај СССР/Русија како соседи, даваат повеќе, плашејќи се од путинова Русија за својата безбедност, особено после интервенциите во 2008 и 2014 години и руската инвазија врз Грузија и првата врз Украина, со нападите врз Крим и Донбас, а посебно после инвзаијата врз украинската територија во февруари 2022 година и бруталното уништување на една независна држава.

Таквиот распоред  е изговор на десничарите од друштвото на Трамп да го подржуваат и да  му се додворуваат во оваа изборна година, за да му се најдат при рака , доколку би победел на изборите.

Меѓународна политика- од рака

Како случајот со сега пропаднатиот  советник и личен адвокат Руди Џулијани, или како  сегашниот пример со екс новинарот-пропагандист Такер Карлсон кој му овозможува на Путин, во испазарено интервју,  да ја деградира Русија со своето зборуање.

Само за да му се угоди на Кремљ, пред мартовските избори, но  за да му се угоди и на Трамп за неговите политички „елаборации“- кои се покажуваат како будалести.

Сето речено од Трамп во Јужна Каролина, меѓутоа, е мошне опасно.

Тоа не се обични будалести работи на излапен човек. Опасното е што се дадени во опасно и воено време во Европа, што овој изгледа дека не сака, или  не може  да го разбере со занимавањето со меѓународна политика – онака, од рака.

Како кога зборува дека – „знае како веднаш да ја заврши војната во Украина“ , а од Киев ќе му порачаат да дојде и да им каже како- затоа што и Украинците сакаат мир.

Опасност за НАТО

Станува збор за опасно време за НАТО, за западниот слободен свет- како што укажуваат европски воени и безбедносни аналитичари. Но, опасно и за самата Украина која не успеа со својата летна офанзива во 2023 година. Путин и Русија и натаму држат 20 отсто од украинската земја, која арганто ја прогласуваат за своја територија и ја анектираат.

Сето ова во време кога Русија троши 40 отсто од својот буџет за војната, за воение потреби и за воената индустрија, уверливо надминувајќи ја украинската одбрана со сета помош од Западот и од сите земји кои настијуваат да и помогнат за да се одбрани од злото.

Полска и Балтикот се соочуваат со заканата дека кога ќе заврши во Украина, како и кога Русија ќе застане на нозе, „руската мечка“ ќе се сврти кон нив- како што тоа Русите го имаатправено во минатото и низ историјата.

Односно, ќе се сврти кон Молдавија , на која Сергеј Лавров, отворено, и се закануваше на конференцијата на ОБСЕ во Скопје, откако во Москва се верува дека Грузија- веќе на два пати распарталена од Русите-  дека ја имаат под контрола.

Охрабрување за Русија, но и Кина

Затоа, доколку би се случило една Естонија, која е најблиску, на пример, да биде нападната од руските тенкови, тогаш НАТО треба да ја брани оваа членка на Алијансата- или едноставно, да им ја остави на милост и немилост на Русите, доколку би се работело според предлозите на Доналд Трамп.

Уште повеќе што  таквите пораки од Јужна Каролина, дури како размисли и како „трампови наклапања“, имаат и поширока меѓународна димензија.

Со ваквото охрабрување на Русија, практично, и се праќа порака и на една Кина и таа да дејствува слободно- во зоната на Јужно Кинеско море каде и сега, режмот во Пекинг ѕвецка со оружјето кон државите во регионот.  Додека Трамп ќе седи во Белата куќа и со својот изолационизам ќе го охрабрува рускиот деспот да избира жртви низ Европа.

Секако, на големо задоволство на европската ултрадесница, на која Москва и дофрла пари, на европските деспоти и националисти, како еден Виктор Орбан, силен почитувач на Трамп,но и на западнобалканските самодржци,  гладни за вечна власт и пари , затскриени зад лажниот патриотизам. И, во секој случај, на  сите антиамериканци- во Европа и на Балканот.

Штета на глобалната стратегија

Како и да е, Доналд Трамп прави крајно погрешни сметки, што стануваат многу опасни бидејќи овој човек сака да биде некаков предводник на светот, а не само на САД.

Официјален Вашингтон веднаш предупреди дека охрабрувајќи инвазии врз американскуте сојузници од брутални режими им се нанесува штета на национлната безбедност на САД, на глобалната стратегија и на домашната американска економија.

Јенс Столтенберг,генерален секретар на НАТО, пак, го осуди потегот на Транп како опасност за сојузничката безбедност, доколку се сугерира дека сојузниците нема да се бранат меѓусебе, ставајќи ги на тој начин во голем ризик американскте и европските војници.

Пред две години, руските тајни служби го имаат убедено Путин дека ако тргне на Украина, за да ја покори, Западот нема ништо да направи за да ја заштите земјата. Од таквата погрешна сугестија се изроди првата војна во  Европа по крајот на Втората светска војна, која трае веќе две години.

(Спектатор)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе