Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

САД го бранат Дејтон од Босанците

САД го бранат Дејтон од Босанците

Над триесет годни од распадот на поранешна Југославија и постоењето на независна БиХ, оваа поранешна ЈУ република се уште не може да „застане на нозе“ и да стане функционална држава. Босна е  единствената од некогашните републики  која нема  преговарачки  статус за влез во ЕУ и покрај одамна прокламираната определба на земјата да биде дел од евро-атланските интеграции.

При тоа, во прашање не е спротивставувањето на  ЕУ ( и НАТО) за приклучувањето на БиХ на европскиот пат. Проблемите ги прават внатрешните состојби во државата, старите нацинализми и омразата за која се водеше и војна , која заврши со мировниот договор од Дејтон, со кој се поставија и темелите  изгледот и функционирањето на државата.

Но, четврт век подоцна, БиХ е таму каде беше и после војната. Заглавена во  националистичката и во сепаратистичка реторика, таа се соочува и со распад на државата.

„Нема растурање на БиХ“

Се зборува за „скорешно отцепување“ на српската енклава Република Српска,  како и за тоа  дека БиХ нема иднина. Секој настап  на Милорад Додик, тврд српски националист и сепаратист, лидер на енклавата, подржуван од Србија, но и од Русија и од орбанова Унгарија, завршува со навестувањето за отцепување. Затоа, после толку години,  државата  има потребата да се брани со помош на  Дејтон- како од Додик, така и од другите  националистичките и корумпирани лидери на трите етнички заедници.

„Повикот за креирање нови граници, за менување  на меѓународните граници, како и обидите да се потикнува меѓуетничкото насилство , да се развива национализмот и да не се почитуваат државните институции ( Уставниот суд на БиХ), претставува анти-Дејтон однесување и делување“- изјави во Сараево  Џејмс О Брајан, американски помошник секретар на Стејт Департментот, за Европа и Евроазија.

Овој американски дипломат, притоа им порача на сите лидери во БиХ дека САД – во секој случај ќе реагираат и остро ќе одговорат на секое антидејтонско однесување и на секое непочитување на Уставот на БиХ во кој се внесени основните цели на договорот од Дејтон. „Нема да се дозволи малигните актери да ја делат и да ја растураат Босна„- има речено О Брајен.

Партиските интереси пред државните

Тоа значи дека нема да се дозволи  креирање на некаква „независна Република Српска“, внатре во БиХ, или повлекување и контрола на меѓуетнички линии на разграничување.

За Америка, ваквото зборување , уште со повикување на договорот од Дејтон  , е лажно и измислено толкување на договорот, смета овој дипломат. Тој  предупредува дека со ваквата реторика и со сегашното дејствување на националните лидери, БиХ се соочува со заканата да го пропушти следниот воз за ЕУ, за разлика од сите другите во Западен Балкан.

Тоа би можело да се случи и поради изигрувањето на европските стандарди кои и се предочени на БиХ- за пресметка со корупцијата, со злоупотребата на службената должност и посебно- со ставањето на партиските и приватните интереси ( прикажани како национални интереси), над оние на државата.

За прв пат (колку што се знае) еден дипломат од Западот , во среде  Сараево, има укажано и на манипулациите и политичките мешетарења со парите, при што „ на тапет “ беа ставени лидерите на трите етнички заедници кои, инаку,  се прикажуваат како (наводни) заштитници на својата нација.

Мангупите од трите етнички заедници

Во оваа прилика, О Брајен директно го посочил однесувањето на Драган Човиќ, лидер на партијата ХДЗ-БиХ кој се прикажува и како лидер на босанските Хрвати.

Тој се обвинува дека свесно го блокира гасоводот од Хрватска кон БиХ, само за да определениот оператор на системот, инаку етаблирана фирма, биде заменет со друга фирма, која се уште не е ниту создадена. Тоа го прави  заради неговите лични и партиски интереси- бидејќи  сега „фантомската фирма“  планира  да ја контролира за да таа работи за него и за партиските интереси во регионот.

Човиќ вака дејствува во време кога Мостар останува и натаму поделен град, заглавен во минатото.

Според американскиот дипломат ваквото однесување е  сосема спротивно на она што овој хрватски политичар од БиХ, им го продава на гласачите дека тој и неговата партија ( инаку владеачка во Хрватска) сакаат да ја видат Босна во ЕУ.

Така некако , се однесува и партијата СДА на Бакија Изетбеговиќ, што најдобро може да се види низ постапките на неговата сопруга, која неодамна беше сменета од функцијата директор на Клиничкиот центар во Сараево.

Во текот на својот мандат таа (практично) дејствувала само како активист и функционер на оваа партија на Бошњаците  и на политиката на својот сопруг, отколку како лекар и директор.

Човиќ/Изетбеговиќ

Откриено е дека отворено ги има уценувано лекарите во клиниката да гласаат за СДА, доколку сакаат да останат на работа и да напредуваат.

Излегува дека таа целата своја агенда ја има ставено во функција на партијата, а не во интерес на пациентите. Сега  се потсетува  и на времето кога оваа партија, кога беше на власт, беше замешана во аферата со респираторите, како и дека ги контролираше сите работи во босанскиот Телеком- за лични и партиски интереси.

Во случајот на Додик, пак, неговата партија која вечно е на власт,  се наоѓа  во неговите раце , како да е приватна фирма, преку која се спроведуваат сите махинации- со помош на неговото семејство и на најблските и најдоверливи соработници. Државните интереси- дури и кога станува збор за енклавата Република Српска- се целосно потиснати.

Според О Брајен ,  Додик и неговите тоа го прават преку разни и бројни, крајно некурентни договори на државните фирми и фабрики , за зделки кои се сомнителни, а кои се врзани за членови на неговото семејство и на веќе санкционирани лица од енклавата.

„Државата“ на Додик – негова фирма

На пример, откако ја има преземенио претседателската функција , Додик за себе има доделено буџет од 29 милиони долари, што е 400 отсто повеќе , отколку во претходната година, а во исто време, барал и бара дополнителна помош од институциите на федерацијата БиХ, што инаку не ги признава.

На тој план оди и молењето за пари во Русија, Унгарија и Кина, па кога од таму нема добиено толку колку што барал, се определува за една- во основа штетна за јавните интереси операција- преку банките да дојде до пари, со издавање државни обврзници. Штетета  е во тоа што обврзниците се како да е  земен заем со висока камата, за што нема дадено отчет пред јавноста.

Сето тоа според САД,   претставува   неодрживо однесување, од овој  националистички лидер кој  (лажно) и зборува на јавноста во енклавата дека – се што работи е во интерес на српското население.

Продавајќи  ја притоа  типичната приказна на сите националисти и популиститек каде и да се,  за – наводната  „загрозеност на нацијата“, која во овој случај-  ќе биде безбедна само ако  енклавата се отцепела од БиХ.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе