Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Русија во соседството

Русија во соседството

Во силно напнатата атмосфера во Белград, по последните избори во Србија и најавите дека опозицијата  нема да ги прифати  освоенте мандатите- затоа што тврди дека целиот изборен процес- на државно и на локално ниво ( во главниот град) е фалсификуван, па сппред тоа и невалиден- една информација предизвика коментари и дома, а и во странство.

Станува збор за средбата на српскиот државен врв со рускиот амбасадор во Србија кој во српската јавност е повеќе присутен  од цела низа српски министри, после која  тој и српската страна се појавија со (наизглед) различни толкувања.

Амбасадорот изјави дека српскиот државен врв му има соопштено  дека зад сегашните протести ( во неделата, во Белград беа и насилни) стојат „надворешни сили“ и „Западот кој настојува да создаде српски Мајдан“, според украинското сценарио од пред девет години.

Србија под контрола

Во изјавата на  премиерката Ана Брнабиќ, пак, се вели дека рускиот амбасадор ја известил српската страна дека „западни сили и странски разузнавачи“ се мешаат , настојувајќи да ја дестабилизираат Србија, потикнувајќи ја домашната опозиција на протести.

Изгледа како разногласие, но белградски аналитичари побрзаа да го отфрлат таквиот впечаток , согласувајќи  се дека и едната и другата интерпретација, во основа, е иста и се сведува на тоа дека  оценката за „странското мешање“ е само „руско масло“.

Односно дека во случајов,  Белград само бил известен за-  ново-старата оценка на тајните служби на Москва, како и на  Кремљ, дека Западот (ЕУ и  САД) се виновни за сегашната политичка криза во Србија. И за тоа, дека двете страни треба на истоветен начин да ја оценат сегашната политичка ситуација во земјата.

Првата постизборна средба на српскиот државен врв со еден странски дипломат, по крајно контроверзните избори – и тоа со амбасадорот на Русија-  треба уште  да покаже дека Москва и натаму е силно присутна во српската политика.

Насила одржување криза

Тоа, пак,   само ја открива приклештеноста на Србија од страна на Русија, затоа што таа доаѓа веднаш по низата остри, недипломатски  забелешки на српскиот претседател на сметка на странските посматрачи на изборите , што беа оценети како лоши, не фер, недемократски и во служба на владеачката СНС партија.

Но, оваа средба, која во Белград (по правило) добива силен публицитет, покажува  дека земјата е„ преполна “ со руски разузнавачи, кои на тој начин го имаат претворено Западен Балкан, но и целиот Балкан во некакво руско соседство, во кое Кремљ настојува со сите сили да создава и да одржува кризна ситуација, силно мешајќи се во и онака нестабилната ситуација во целиот поширок регион.

Функционери на српската опозиција велат дека на српска територија се наоѓаат најголемиот број од шпионите со дипломатски пасоши кои беа протерани од ЕУ и од земјите на Западен Балкан, по инвазијата на Украина.

Еден  од опозиционерите во интервју за  белгрдската Н-1 телевизија има откриено дека протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија, минатиот месец, било извршено по барање на руските шпиони во Белград. Тие претходно биле протерани од Хрватска- па српската  тајна служба (БИА) ја извесиле дека дипломатот е хрватски разузнавач.

„Молдавизација“ на БиХ ?

Како и да е, Русија работи на дестабилизацијата на регионот што од секогаш и служел само за пазарење, за потребите на руската империјална политика.

Просторот на екс Југославија уште од времето на СССР е посебно интересен за Москва, која ги казнува сите обиди за извлекување од нејзината тврда контрола и од нејзиното малигно однесување.

БиХ е еден таков пример, каде со помош на српските националисти во енклавата Република Српска , работат на своевидан молдавизација на БиХ- третирајчи ја енклавата на Милорад Додик како балканска, босанска варијанта на Придњестровје, каде Москва има целосна контрола.

Црна Гора, како и БиХ треба да бидат дел од т.н. „српски свет“ ( по урнек на путиновиот „руски свет“), па навестувањето за забразана европеизација на најмалечката екс ЈУ република, по падот на Мило Ѓукановиќ, делува како пропадната работа. Откако Србија и Русија ја приграбија  оваа земја- членка на НАТО и едно време кандидат – прва да влезе во ЕУ, по Хрватска.

„Жедни преку вода“

Создадоа власт каква што им треба и ја внесоа во владеачјата коалиција главната просрпска/проруска партија од чии редови е избран претседателот на Парламентот кој оди во Белград за да ја прославува победата на партијата СНС.

Може да загрижува што во ова друштво на загрозени од руската прегратка би можело да се најде и Северна Македонија. Земјата е членка на НАТО , па од таа страна делува како безбедна. Но,  Црногорците ги „пренесоа жедни преку вода“ и сега нивното членство во Алијансата е под состојба на аларм, затоа што во власта е партија која е против НАТО и ЕУ.

Во македонскиот случај, актуелната националистичка, вмровска опозиција е силно антизападна и анти ЕУ определена, ако не е можеби силно проруски изразена, иако од тоа друштво немало и нема разбирање за она што и се случува на Украина, за окупацијата на земјата и за анексијата на деловии од нејзината суверена територија.

Увезена анти-ЕУ пропаганда

Антиевропското и антизападното  се внесува и преку Србија и преку руските тајни служби и масата дезинформации и лажни вести што се пласираат за да се дисквалификува прозападната и проевропска влада во Скопје.

Српските медиуми, оние на власта , кои масовно ја користат руската анти ЕУ пропаганда, преку блискоста со јазикот се примаат на макдедонскиот јазичен простор, верувајќи во нив и величајќи ја власта во Белград, која е дисквалификувана на својот државен простор, од голем дел од тамошната јавност.

Во Македонија ги нема кремљовските мегафони како „Спутник“ и „Раша Тудеј“ но тие се во Србија и тоа и на српски јазик , а тоа значи дека им се достапни на делови од макадонската јавност, која се декларира како (наводно) патриотска, а знае и сака да чита на странски јазик.

Посебно за тоа дека Европа, наводно, ја „измамила“ Македонија и дека продолжува со „лажни ветувања“ за нејзините европски перспективи, иако токму Москва е таа која војува со ЕУ и се спротивставува на членството во Унијата на државите од регионот.

Албанија и Грција

Во тој и таков стил, Москва не се откажува ниту од своите поранешни сателити- Бугарија е пример за тоа- каде со помош на домашните русофили се војува против извлеувањето на земјата од „братската дружба“, создадена во комунистичките времиња. Земјата е во НАТО/ЕУ, но Владимир Путин ја смета за руското предворје на неговите империјални визии за реставрација на некогашниот СССР.

Албанија , иако изгледа како далеку од сето ова, сепак, е жртва на обидите за дестабилизацијата на проевропската влада, со руските пари за десничарската, националистичка партија на остарениот Сали Бериша. Во  едно вакво друштво на земји на удар од руското „замешателство“ може да се стави дури и  една Грција, која има комунистичка, силно проруска партија, која редовно се квалификува за во Парламентот.

Оваа партија беше силно на страната на Москва кога требаше да се спогодат Скопје и Атина, за да се отвори патот за НАТО/ЕУ на северниот грчи сосед.

Русија користеше многу тајкунски пари,  мешање во домашната политика, користејќи и делови од грчката црква, заедно со десничарски  протести во Солун, за да спречи македонскиот пат во Европа, на што се чекаше од првите години на независноста.

(Спектатор)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе