Скопје четврта европска дестинација за предбрачни журки
Истражувањето што го има направено Slot Day за тоа како котираат европските главни градови – за организирање и за провод, за предбрачна журка- покажува дека Скопје е виско рангирано како четвртата најповолна локација во Европа.
Пред главниот град на Северна Македонија, се рангирани – Лондон, како најпримливата дестинација за предбрачна забава на идните невести и младоженци, заедно со друштвото што тие го имаат одбрано. На второ место е Прага, а како трета е рангирана Софија.
Ноќен живот и евтино сместување
На листата од првите десет главни градови, после Скопје се Тирана и Букурешт, а потоа Белград, Варшава, Берлин и Сараево.
Најмалку пожелни главни градови за ваков вид журки се прогласени Рејкјавик, на Исланд , како и Берн, главен град на Швајцарија и Валета, на Малта. Главната причина за ваквиот нивни пласман е или малата понуда на места за забава и провод, или високоте цени за сместување.
Ранг-листата е направена врз основа на анализата за квалитетниот ноќен живот, забавувањето и цените на сместувањето. Истражувачкиот тим се фокусирал на високо оценетите објекти за ноќна забава во секоја од овие престолнини- наведени во TripAdvisor, а посебно оние кои имаат добиено четири или над пет ѕвездички.
За да се определат цените и трошоците за сместување, екипата истражувачи се определиле за цените за три ноќевања , за група од десет лица кои би делеле соба за двајца- колку што се претпоставува дека идните невести и младоженци би поканиле на една журка пред стапувањето во брак.
Потрага по нови дестинации
Лондон, во секој случај, е оценет како најдобрата и најпримамлива дестинација за вакви забави, најмногу затоа што има уверливо најголема понуда од над 855 високо оценети, барови, клубови и пабови, иако е најскапата локација, кога ќе се земе во предвид сместувањето.
Мајкл Слот, водач на истражувачкиот тим и новинар има изјавено дека целта на нивното истражување била да се види каде може да се прават предбрачни журки, забави и да се има тридневен провод, а да тоа не биде некаде во Франција, Шпанија или Португалија, каде тоа најчесто се прави.
„ За мене и за тимот, на пример, најголемото изненадување е Скопје. Но, и Сараево и Тирана, каде и во трите локации откривме дека постојат сите квалитетни услови за добра забава и добар провод, Утврдивме дека овие главни градови нудат добар баланс меѓу ноќниот живот, пристапните цени и хотелите“- има речено Мајкл Слот.