Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Исланд: Вжештена лава тече низ островот

Исланд: Вжештена лава тече низ островот

После цела низа предупредувања и навестувања од вулканолозите, дека е можна силна вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес, на Исланд, вулканот конечно буквално експлорираше во понеделникот, доцна вечерта по локално време.

Експерти велат дека оваа ерупција е поинаква, затоа што е подраматична од досегашните , кои се честа појава на овој силно активен остров во северниот Атлантик .

Причината за  тоа, според нив е затоа што направените снимки покажуваат како вжештената лава се крева високо , од пукнатините што вулканот ги направил на земјината површина,  од кои  сега  тече лава, како во потоци низ островот.

Станува збор за вулканска ерупција која е најголема после онаа во 2019 година. Освен тоа исфрлањето на гасот сулфур-двооксид сега е во многу поголемо количество и посилен, отколку во претходните години.

Два часа пред да експлодира тлото во реонот на ерупцијата, се регистрирани два одделни силни потреси. Пукнатината на земјината кора од каде што сега излегува и тече лавата, е долга дури четири километри.

Ерупцијата се случува во близината на градот Гриндавик, каде уште на почетокот од минатиот месец властите наредија евакуација  на сите негови жители, како и на оние во најблиските околни места.

Во тој момент вулканолозите не знаеја точно каде ќе избие лавата, а стравува и од интензитетот на гасовите кои можат да бидат опасни и штетни за луѓето.

На почетокот на кризата која се создаде во очекување на ерупцијата  се стравуваше од можноста Гриндавик да се најде заробен од сите страни од течењето на лавата, па градот беше целосно испразнет. Сега , меѓутоа, се знае дека ерупцијата и лавата не се закана за населението.

Сето ова се случува во реонот на познатата и туристички атрактивна геотермална бања, позната како „Сината лагуна“  на Исланд, која е одалечена седум километри од сега напуштениот град.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе