Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Тејлор Свифт личност на годината на „Тајм“

Тејлор Свифт личност на годината на „Тајм“

Во традиционалниот избор на личност на годината, што го прави угледниот американски неделник „Тајм“ , редакцијата овој пат се определи – за личност за 2023 година да ја прогласи пејачката Тејлор Свифт.

Според објаснувањето дадено од уреднициите на „Тајм“ – изборот на една пејачка и поп ѕвезда не е  големо изнендување, затоа што ова е времето на најголемата моќ на Тејлор Свифт. Станува збор за пејачка ѕвезда, за милијардерка и за една од најмоќните жени на денешнината.

Ѕвезда и милијардерка

Нејзините достигнувања  како уметник- културолошки, критички и комерцијално се толку големи , што според редакцијата нема ниту потреба сите да се споменуваат.

Како деловна жена се вели дека таа има изградено цела една империја , која според некои проценки има вредност од над една милијарда долари. Како славна ѕвезда , сано затоа што е жена често пати е ставана на строги посматрања и анализи- за тоа со кого се дружи, со кого излегува , или кој и е партнер- до тоа како се облекува и како се однесува.

Но, сепак, и покрај таквиот – благо речено строг  надзор- таа е личност која веќе подолго време привлекува внимание во целиот свет, а Сфит во секој случај тоа знае да го искористи.

Во долгото прогласување на личност на годоната, што „Тајм“ го има започнато уште во 1927 година, Тејлор Свифт се наоѓа во разнолико и бројно друштво на личности од светот на политиката, науката, културата , иако меѓу нив имало и крајно контроверзни личности.

Во друштво на Присли и Џексон

Во изминатите години,  за личности на годината беа прогласувани, Џо Бајден, потпретседателката на САД Камала Харис, поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркл, папата Франциско,  еколошката активистка Грета Турнберг, или од поодамна Мартин Лутер Кинг. Минатата година човек на годината беше украинскиот претседател Володмир Зеленски.

Годинешнава избраничка на весникот, како поп ѕвезда, се најде во навистина елитно друштво на еден Елвис Присли, на Мајкл Џексон , или на Мадона, како поранешни личности на годината. Музички експерти  притоа  ја споредуваат Тејлор Свифт, како автор на текстовите, со прославените Пол Макарни, или  Боб Дилан, или со подзаборавената американска кант-авторка Џони Мичел.

Според критериумите  на „Тајм“ , што важат уште  од почетокот на изборот, од пред 96 години, личност на годината претставува  едно лице, група или и некаков концепт што најмногу се има споменувано во јавноста и при тоа ги има обликувано насловите во медиумите- било да е позитивно, или негативно.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе