Сменет директорот на Болшој театар
Руската влада го смени досегашниот директор на Болшој театар, најпознатнатата московска и руска театарскрска куќа Владимор Урин, без да се даде објаснување за тоа. Тој беше на таа функција повеќе од една деценија.
Претходно, на крајот од минатата недела, Урин самиот има објавено дека „повеќе не е директор на Болшој“, но ни тој во објавата не открива зашто морало да биде тргнат од функцијата.
Казна за осуда на војната
Московски медиуми кои се исклучително блиски до Кремљ тврдат дека причината за смената е затоа што „76 годишниот директор имал задравствени проблеми“.
Независни медииуми, меѓутоа, не веруваат во ваквото објаснувањње и сметаат дека не станува збор за повлекување, туку за – сменување од функцијата , затоа што е прогласен за политички неподобн за да остана директор на Болшој театарот.
Причина што Урин (наеднаш) стана неподобен е затоа што се има јавно спротивставено на агресивната војна на Русија против Украина.
Тој е меѓу поголемата група од неколку десетици познати руски личности од светот на културата кои се имаат потпишано на прогласот во кој се бара -запирање на „воената интервенција“ во Украина, каде Русија војува повеќе од 20 месеци.
Сменети десетина директори
Оваа верзија за сменувањето во Москва се смета за единствено точна, затоа што покрај Урин и десетина други директори кои го имаат потпишано јавниот анти-воен проглас- наеднеш се сменети од своите позиции.
Индиректна потврда за казнувањето на досегашниот прв човек на Болшој е одлуката на руската влада за негов наследник да се постави Валери Гергиев (70), досегашен директор на Марински театарот од Сенкт Петербург.
Гергиев кој 35 години раководеше со петроградскиот театар (порано познат како театар Кировски) е еден од најугледните светски диригенти, но во Болшој е доведен затоа што е политички подобен. Тој е пријател со рускиот претседател и силен подржувач на неговата политика и на путиновата војна во соседна Украина.
Валериј Гергиев – нов директор
Неговата лојалност кон Путин предизвика, само една недела по навлегувањето на руските војници на украинска територија, Гергиев да го загуби дотогашниот аранжман што го имаше во Минхен со тамошната филхармонија.
Освен тоа и неколку европски театри одлучија да ги откажат сите претходно договорени ангажмани со него- како реакција на неговото одбивање да се дистанцира од бруталната инвазија во руското соседство.
Нема соопштение за тоа кој ќе го наследи Гергиев во Марински театарот , но се верува дека тој ќе остане и натаму директор во театарот во Санкт Петербург и ќе ги раководи и двете најпознати театарски куќи во Русија. Медиумите потсетуваат дека Владимр Путин има речено дека двата театри треба да ги води еден човек.