Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Островот на грофот Монте Кристо

Островот на грофот Монте Кристо

Малечкиот остров Иф, лоциран пред влезот на Марсеј, во Франција, го нарекуваат европски Алкатраз, според истоимениот остров во САД, во заливот на Сан Франциско.

Иф е минијатурен остров – има само 0,03 квадратни километри. Одалечен е 3,5 км. од старото марсејско пристаниште и на него доминира една триспратна тврдина позната како Шато Иф (Chateau d’If), изградена уште во 16 век.

Наредба за изградбата на тврдината на ова мало, пусто и ненаселено островче дал тогашниот француски крал Франсоа Први, со цел да се заштити јужниот морски брег на Франција од странски инвазии. Но, историчарите велат дека главната намера била да се сокрие новата флота од галии која била стационирана во таа зона.

Многу рано, меѓутоа, било утврдено дека Иф, таков каков што е , уште опкружен со остри мурски струи, низ кои (велат) пливањето е невозможно, е идеална локација за изолирање на луѓе и за затвор. Така и се случило, на пустиот остров уште во 1580 година да се донесат шрвите затвореници.

Три века, се до 1871 година островот и неговото Шато ќе бидат затвор каде се чувале  најпознатите криминалци, но и политички противници од минатите времиња.

Сепак, Иф и неговата тврдина, општоевровска слава и позната локација која дури стана и популарно место за посети , ја имаат стекнато благодарејќи на еден писател и неговите популарни романи. Станува збор за францускиот писател Александар Дима кој го споменува островот , со неговиот затвор, во својот роман за грофот Моите Кристо.- објавен во 1844 година.

Во романот, главниот јунак- Едмонд Дантес, успева да побегне од тврдината-затвор, откако таму има поминато како затвореник 14 години.Хроничарите, велат дека тоа е само приказна, затоа што од затворот на Иф- до неговото затворање- никој не успеал да побегне.

Уште во 1890 година, тогашната француска власт одлучила дотогашниот затвор да се отвори за посети. Луѓето веднаш почнале да го посетуваат Иф- за видат од каде побегнал Монте Кристо. И во денешно време, современите туристи одат на островот, повеќе верувајќи во приказната на Дима, отколку на историските хроники.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе