Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Исланд пред вулканска ерупција

Исланд пред вулканска ерупција

Повеќе од една недела на Исланд трае вонредна состојба во очекувањето да „експлодира“ вулканот Фаградалсфјал , што се наоѓа на полуостровот Рајкјанес, јужно од главниот град Рејјавик, постојано зголемувајќи го стравот дека ерупцијата ( овој пат) може да биде и посилна и многу поголема од последната ерупција, после која течењето на лавата  се претвори во своевидна , времена туристичка атракција.

Вулканолозите и локалните експерти кои ја следат ситуацијата и кои ја советуваа владата да прогласи тревога и да го евакуира населението од подрачјето када се очекува ерупцијата, предупредуваат дека до неа би можело да дојде – „во секој момент, во следните денови“.

Над 800 земјотреси дневно

Според еден од вулканолозите на Центарот во Рејкјавик, времето за ерупција, практично, е истечено и сега само се чека да дојде до експлозијата.

Тоа е очигледно од сликите што доаѓаат од полуостровот Рејкјанес кој веќе изгледа како настрадано подрачје од природна  непогода. Секој ден се регистрираат и до 800 земјотреси, па сведоци велат дека се имат чувство како тлото постојано да се тресе.

Голем број станбени згради веќе се разурнати, а големи „кратери“ постојано се јавуваат на теренот, со пропаѓање на земјиштето, уништувајќи ги  на тој начин патиштата кои и во поодалечените делови од полуостровот се напрснати и непогодни за користење. Експертите тоа го објаснуваат со како знак дека  магмата е се поблиску до површината на земјата.

Евакуација на 4000 лица

Жителите на овој остров во северниот Атлантик се навиканти на вакви ситуации, затоа што вулканите и гејзерите се дел од пејсажот на Исланд, но овој пат луѓето стравуваат дека ерупцијата на Фаградалсфјал може да донесе многу  потешки последици.

Од минатата недела , над четири илјади лица, жители на полуостровот, се иселени од загрозената зона и сите тие, веќе сега, практично, се бездомници, отакако нивните куќи се урнати, или се толку оштетени од земјотресите, што се неупотребливи за живеење.

Само еднаш, во текот на минатата недела, властите им дозволија на жителите да ги посетат своите домови- за да можат од нив да земат се она што им е најпотребно.

Ситуацијата ја усложнува и се посилното избувнување на сулфур-диоксид гасот , чија реа се има раширено низ Рајкјанес.

„Магмата е на еден километар“

Всушност , ширењето на подземните гасови е една од причините за евакуирањето на полуостровот и за згрижувањето на луѓето на безбедни локации. Има експертско мислење, дека избувнувањето на подземните гасови е знак за скорешната вулканска ерупција.

„Сулфур-диоксидот и гасовите што доаѓаат од магмата се доказ дека таа е сосема блиску до површината на земјата. Веројатно на само еден километар“- има изјавено еден од локалните вулканолози.

Во меѓувреме, властите, стравувајќи од обилно течење на жешката лава, забрзано подигнуваат одбранбени ѕидови, настојувајќи  да се спречи лавата да  се рашири  на другите населени подрачја од Исланд.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе