Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Бунга- бунга“ девојките контра семејството Берлускони

„Бунга- бунга“ девојките контра семејството Берлускони

Семејството на починатиот италијански милијардер Силвио Берлускони има проблеми со „бунга-бунга“  девојките што  поранешниот премиер на Италија ги користеше за неговите „луди журки“ и забави во неговите вили, најчесто во раскошната вила на Сардинија.

Станува збор за 2о млади жени кои биле користени за танцување и за забава со гостите, што наследниците на Берлускони, сега не можат да ги иселат од апартманите во кои престојувале, откако по неговата смрт и  натаму останале во нив да живеат.

Одбиваат да се иселат

Жените за забава, меѓутоа, сега одбиваат да се иселат и се противат на решението повеќе да не примаат парична надокнада.

Берлускони почина во јуни годинава, после долга битка со леукемија.

Набргу после тоа, наследниците на неговиот имот- петте деца од неколкуте негови бракови – преку нивните правни советници на овие жени им имаат испратено писма со кои бараат тие да се иселат од апартманите , кои инаку им ги обезбедил Берлускони.

Се бара  да си заминат, најдоцна до крајот на оваа година, но италијанските медиуми пишуваат дека ниту една од нив досега се нема иселено.

Во меѓувреме, некогашните „бунга-бунга“ девојки останаа и без месечната исплата од  по 2.500 евра за секоја од нив. Наследниците одлучиле дека ним не им се потребни вакви услуги, па затоа повеќе нема да примаат пари.

Нема веќе месечна исплата

Сите тие 20 млади жени кои досега живееле на имотите на Берлускони, беа меѓу 24 лица кои беа обвинети за лажно сведочење во судскиот процес против поранешниот италијански премиер, одржан во февруари годинава.

Во тој случај , Берлускони беше обвинет дека им давал поткуп на сведоците , лажно да сведочат во врска со аферата околу „бунга- бунга“ забавите.

Процесот заврши на тој начин што „вечно младиот“ Берлускони беше ослосбоден од сите обвинувања. Овој процес беше дел од развлечениот случај за обвинувањата против богатиот бизнисмен и четири пати премиер,  за малолетничка проституција, што се развлече цели десет години.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе