Подземен град под Газа
Минијатурниот појас Газа, сместен покрај брегот на Медитеранот, меѓу Израел и Египет, стана светски настан и тема околу која (одново) се подели светската јавност. после најкрволочниот терористички напад на палестинските милитанти, собрани во и околу Хамас, врз Израел и врз Евреите, откако постои израелската држава.
Арапскиот свет и подржувачите на Палестинците во Европа и Америка, одмолчеа – не реагирајќи со осуда на зверствата на палестинските терористи, иако беа испотепани две илјади лица- само затоа што се Евреи- а беа грабнати да бидат заложници други 300 млади и стари, жени и деца- со кои хамасовци и нивните подржувачи сакаа и сакаат да се пазарат.
Но, истата таа молчелива јавност, не само Арапите, меѓутоа, покрена масовна, хистерична антиизраелска кампања и гнасен антисемитизам, каков не е забележан од времето на нацизмот и погромот на Евреите пред и за време на Втората светска војна.
Различни аршини
Му се одзема правото на Израел да се брани по непредизвиканиот напад, речиси истоветно како што на Украина и се одзема првото да се брани од руската, неиспровоцирана инвазија.
Дел од таквата светска јавност го прогласува Израел за виновник како што , властите во Киев и нивниот претседател (Евреин по потекло) се напаѓаат за „нацизам“, оправдувајќи ги Русија и Путин за парчосувањето на украинската државна територија.
Во случајот на Газа, пак, тоа се прави , презентирајќи ги бројките за „страшните израелски злосторства„ врз „недолжните цивили“ во Газа , на кои секој независен и непристрасен посматрач ќе гледа со силна доза на резерва.
Едноставно, нема никаква потврда за бројот на жртвите- кои неспорно постојат во вакви воени судирања во густо населен простор, Притоа, свесно се заборава дека Хамас своите ракети ги лансираше и ги лансира од училишни и болнички дворови, од густо населени квартови , свесно правејќи ги локалните жители за жив штит и за калкулирани жртви.
Тунелска мрежа од 500 км.
Притеснат од жестината на израелските напади и губејќи ги залихите од оружје, што би ги одвело до пораз, Хамас почна да се пазари- со киднапираните лица, со заложниците, за кои се вели дека се добро сокриени – во системот на подземни тунели и коридори изградени под површината на појасот Газа.
Воени и безбедносни извори тврдат дека под површината на оваа територија, долга 40 км, а широка не повеќе од петнаесетина км. е изграден вистински подземен град. Создаден е во изминатите децении, со парите на Иран и на арапските земји кои ги подржуваат милитантните палестински групи , онака како што издвојуваат пари и за разните џихадисти по Блискиот Исток. Проценка е дека низа од подземни тунели во должина од 500 км.
Станува збор за најголемата мрежа со тунли во светот кои служат и за комуникација во подземниот град каде има и продавници, но најмногу складишта. Во некои сектори , Хамас има воведено струја и вода, а за некои локации важни за главешините на организацијата , имало и климатизација.
Комплекс од 1300 тунели
Изграден е комплекс од 1300 тунели, широки и високи, просечно два метри, некои сместени на длабочина од 70 метри.. Се тврди дека тунели во подземна Газа и натаму се градат. Сите се обложени со армиран бетон и се правени за да може во нив да се престојува подолго време, па се обезбедени со вентилација.
Во нив, сепак, се сместува целото оружје, ракетниот арсенал, бојна муниција за терористичките операции на Хамас, како и за сместување резерви од храна и вода, која (како што е тоа случај сега) забрзано се трошат, поради наметнатата блокада од Израелците.
Има мислење дека таму повремено престојува и водството на Хамас , па познавачи на палестинските прилики веруваат дека целиот овој илегален, подземен град под Газа има исклучително значење – не толку за појасот и неговиот опстанок , колку за шефовите на Газа и за подржувачите на оваа терористичка организација со пари , за да го држат Израел постојано во воена состојба и на штрек од терористички напади.
Тешко освоиви „тврдини“
Воени експерти , затоа, проценуваат дека за да се порази Хамас неопходно е да се уништи не Газа на површината, туку нејзиниоѕ подземен свет-мрежата од тунели. Израел , навистина, има Бункер Бустер бомби кои се наменетаи за уништување на непријателски тунели, затоа што се способни за да се пробиваат длабоко
Но Газа е мошне мала територија за широко опфатливи операции . Освен тоа , е густо населена- на овој мал простор има 2,2 милиони жител- Во такви услови е тешко да се лоцираат тунелите и нивните влезови, без разлика што израелската војска- нејзините специјални единици имаат лоцирано дел од нив и веќе навлезено во некои, од каде се појавија и првите фотографии.
Во вакви услови , израелската војска користи т.н. паметни бомби со кои настојуваат , прецизно, да погодат некои од тунелите , за да нема колатерална штета, а за да станат целосно неупотребливо . Тоа е ,сепак, премалку за да може да порази и уништи Хамас.
Тунелите се предност за Хамас
Без тоа, Израел би можел да ја загубил предноста во оружје што сега ја има. Тунелите, пак, се предност за Хамас, зашто можат да го навлечат Израел на долга, исцрпувачка војна . Особено, доколку израелската армија се определи на поголема офанзива и се определи на освојување на тунелите, во кои би се соочиле со бројни предизвици, со замки и со пресметка во која би имало многу жртви на израелска страна.
Пораз на Хамас , во секој случај останува опција која (засега) нема алтернатива.
Хамас е орудие во туѓи раце и затоа оваа терористичка организација секогаш ќе создава кризи и војни- како што тоа го прави последниве 20 години. Да се предизвика терористички напад од голем размери, кога на повидок ќе има решение за Блискиот Исток и можност за траен мир.
Како што тоа беше сега, кога Израел и Саудиска Арабија беа пред сппгодување Хамас изврши колеж на еврејски цивили среде израелска територја.