Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Актерот Метју Пери (веројатно) се удавил

Актерот Метју Пери (веројатно) се удавил

Американскиот актер Метју Пери (54) кој во деведестите години на 20 век се прослави во глобално популарната ТВ серија „Пријатели“ беше најден мртов во својот дом во Лос Анџелес и веднаш предизвика големо внимание во јавноста во САД, но и низ светот, покренувајќи бројни прашања околу тоа – која е причинта за неговата смрт.

Особено откако неговото мртво тело беше откриено од полицијата во домашната голема када за хидромасажа. Истрагата за неговата смрт ја водеше одделот за убиства на полицијата во Лос Анџелес, но истражните органи набргу ја отфрлија можноста за насилна смрт на актерот, особено кога се разбра дека Пери пред смрта имал „силен спортски тренинг“ .

Зависност од алкохолот и дрогата

Истрагата потоа доби друг тек, затоа што беше познато- од неговото јавно признание – дека актерот кој во „Пријатели“ беше познат како Чендлер Бинг, долго време се има борено со зависнста од алкохолизмот и дрогата. Полицијата, сепак,  објасни,  дека во близината на неговото мртво тело не се најдени никакви опијати, или некоја дрога.

Во последните извештаи кои ги пренесуваат американските медиум, се вели дека полицијата сега верува оти Пери имал срцев удар додека бил во кадата и дека како последица на тоа- се удавил. Некои локални медиуми веруваат дека тоа (најверојатно) ќе биде и официјалната верзија за смрта на актерот.

Метју Пери има играно во цела низа американски ТВ серии- меѓу кои и во пред многу години популарните и гледани серии “Беверли Хилс“ и „Западното крило“.

Исто така  тој има снимено низа филмови, но сепак, неговата кариера, како актер ја има одбележно серијата „Пријатели“ која се прикажуваше десет години, меѓу 1994 и 2004 година, настапувајќи заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер,Мат Лебланк и Лиза Кудроу.

ТВ серијата „Пријатели“

Станува збор за шестмина млади, возрасни луѓе, блиско врзани меѓу себе кои времето го минуваат- едни покрај други- во едно кафуле во Менхетен, во Њујорк, создадено само за потребите на серијата.

Серијата постигна огромен успех и сите се собраа одново, во 2021 година, за снимање на една специјална направена епизода , но и покрај очекувањата дека ќе следи продолжување на „Пријатели“ компанијата Ен-Би-Си , сепак, се одлучи да се откаже од таа замисла.

Паралелно со серијата, меѓутоа, сокриено од јавноста и од медиумите, траела битката на Пери со зависноста и настојувањето да се откаже од алкохолот и дрогата. Има испивано и по повеќе од 20 вотки , земајќи притоа и некакви опијати кои требало да му помогнат да може да работи.

Живот во Отава

За сето тоа тој самиот има раскажаувано, а детелно е прикажано во неговата автобиографија- „Пријатели, љубовници и големите страшни работи“- која се појави минатта година. Признава дека за одвикувањето од оваа зависност има потрошено  околу десет милиони долари. „Среќен сум што воопшто сум жив“- има тогаш речено.

Пери е роден во сојузната држава Масачусетс, во САД.

Но, детството и младоста ја има поминато во Канада, каде неговата мајка, инаку новинарка, по разводот со татко му, има работено како портпарол на поранешниот канадски премиер Пјер Трудо ( татко на сегашниот премиер Џастин Трудо), со кого Пери   одел на училиште во Отава. Првото сочувство стигна од канадскиот премиер.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе