Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мајка со тужба ги исели синовите од својата куќа

Мајка со тужба ги исели синовите од својата куќа

Една 75 годишна Италијанка ги тужела своите двајца, возрасни и материјално ситуирани, синови затоа што не сакале да се иселат од нејзината куќа.

Тужбата уследила откако мајката со години на ред ги убедувала синовите- едниот на 42, а другиот на 40 годишна возраст-   да си најдат и да си создадат свој дом. Уште повеќе што и обајцата ги обвинувала дека не сакале да и помагаат- материјално на мајката.

„Мојата куќа не ви е хотел“- знаела жената да им приговори на синовите. Кога видела дека ништо не помага, гневната и разочарана мајка  ги тужела на суд и обајцата, барајќи судот со пресуда- насила да ги исели.

„Големите бебиња“

Италијанската и европската јавност која се занимава со овој случај, секоја коментирајќи го на свој начин, е изненадена што судот се нашол повикан да разрешува една ваква семејна ситуација. Но судот не се занимавал со реакциите на јавноста и брзо донел пресуда. Оценил дека мајката е во право, па двјцата синови ќе мора да ја напуштат куќата на ниввата мајка – до 18 декември.

Случајот кој потекнува од италијанскиот град Павија, на северот од земјата, според тамошните медиуми има предизвикано големо внимание , бидејќи проблемот на оваа мајка е проблем кој е мошне раширен низ целата земја. Затоа што многу млади луѓе и по наполнетите 18 години , продолжуваат да живеат со своите родители.

Поголемиот број од вајвите млади се машките  деца во семејствата- синовите, кои не сакаат да почнат да живеат сами. Медиумите  во Италија, затоа, потсмешливо ги нарекуваат – „мамини дечиња“ или „големите бебиња“.

Италија прва во ЕУ

Некои социолози, како и оние кои подржуваат живеачка на младите под “родителската капа“ , ситуацијата настојуваат да ја објаснат со несигурното вработување на многу млади луѓе. Според нив. животот кај родителите, или жвеачка во заедница со таткото и мајката , е поевтин за нив и изгледа посигурен.

Други не го одобруваат ова објаснување  затоа што Италија е третата по економска моќ сила во ЕУ, инсистирајќи дека станува збор за традиција, одомаќена навика, или  едноставно за комодитет. Тоа ја прави оваа земја да биде прва во Унијата , според староста и возраста кога децата-конечно- си заминуваат од родителскиот дом.

Според Евростат, просечната старост на Италијанците кога се разделуваат од родителите изнесува 30 години.

Дури 66 отсто од Италијанците на возраст меѓу  18 и 35 години  години,  живеат со своите ридители. Процентот во ЕУ е помал од 40 отсто, додека во САД изнесува едвај 20 отсто.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе