Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Мелони го набрка од дома својот партнер

Мелони го набрка од дома својот партнер

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го набрка од дома својот партнер, со кого речиси  десет години живееше во невенчана брачна врска, во која имаат седумгодишна  ќерка и својата одлука ја соопшти на социјалните мрежи.

Соопштението за раскинување на врската со италијанскиот новинар и ТВ водител Андреа Џианбруно (41) таа ја објави само 24 часови по емитувањето на програмата во која нејзиниот досегашен партнер  има изречено неколку непристојни- сексистички и мачоистички изјави- за сметка на жените воопшто, притоа и силно навредувајќи ја и (велат) јавно понижувајќи ја  жената со која живее.

Навреда и понижување

Мелони не сокрива дека се не течело најдобро во врската, во последно време, но дека по неговиот последен телевизиски настап, крајот на нивниот заеенички живот бил неминовен. „Време е сето тоа и да си го признаеме“- има напишано премиерката на  Икс ( Твитер).

Италијанските медиуми кои на случајот му посветуваат големо внимание, откриваат дека кризата во нивната врска почнала порано годинава, кога своето мислење за жената и семејството Џианбруно тогаш го има за прв пат изнесено во јавноста.

Овој пат, меѓутоа, учестувајќи во една сатирична емисија, обраќајки и се водителката, тој прво забележал дека -„таа е многу паметна за жена„- за да потоа забележи дека било – „штета што не ја запознал порано“.

Зборувајќи и понатаму, кога камерите се исклучиле, на тонската снимка се слуша како партнерот на италијанската премиерка ја прашува водителката- дали  живее сама, или има некого, сугерирајќи и да прифати живот во отворена (сексуална) врска. Уште забележувајќи дека таа ( наводно) во целата ТВ компанија „Медиасет“ е позната како – „женска која имала врски со сите вработени“ . Згора на тоа, сугерирајќи  и притоа групен секс.

„Политичка одлука“

Кога подоцна го прашале зборлестиот новинар што ќе биде доколку сите негови вакви коментари бидат публикувани- како што тоа се случило, па за нив има разбрано и партнерката- премиер на Италија- Џианбруно изјавил не му е грижа за тоа, затоа што, како што забележал – „нема ништо лошо речено“.

Засега, нема коментар од набрканиот, невенчан сопруг на Мелони, освен што се откри дека таа од порано знаела за ваквите негови сексистички изјави и коментари.

За неа, меѓутоа, се знае дека има строги правила за семејството , типични за католичките вредности за бракот и заедничкиот живот на жената и мажот. Мелони и како политичар е против легализацијата на истополовата геј врска, третирана како брак.

Затоа во делови од италијанската јавност, ваквата реакција на премиерката кон таткото на нејзината ќерка се третира и како политичка одлука и се врзува за нејзините политички убедувања кои се вградени во политиката на нејзината колицина, десничарска  влада.

Уривање на авторитетот

Можеби приватната ситуација и раскинувањето на врската и тоа сега, кога таа како премиерка одбележува една година на функцијата, имаат нешто заедничко, но медиумите се согласуваат дека изјавите на нејзиниот досегешн животен партнер се крајно навредливи и понижувачки за неа- и како жена и мајка и како премиер на држава-  уште повеќе што и го уриваат и нејзиниот авторитет.

Во такви услови Мелони веднш доби силна подршка од своите коалициски партнери во владата кои потегот на премиерката го толкуваат и како одбрана на достоинството на премиерската функција.

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани кој ја извршува и улогата  шеф на партијата Форца Италија и лидерот на десничарската Лига, заменик премиер,Матео Салвини, застанаа зад прмиерката, настојувајќи да не дојде до било каков потрес во коалицијата.

Уредникот на програмата во која настапи Андреа Џианбруно, од каде излегоа неговите коментари, во изјава за италијанската агенција Анса, пак,  има речено дека – „еден ден Мелони ќе ми биде благодарна-разбра каков човек имала дома, покрај себе“.

(Р.И.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе