Романски град – најморничаво место во Европа
На десетина денови пред Ноќта на вештерките, лондонските медиуми направија листа на – најморничавите места во Европа и при тоа определија дека „титулата“ најстрашно место му е доделена на романскиот град Бран, во реонот на областа Трансилванија.
Ова место, инаку, е познато како локација која е искористена за сите приказни за страшниот, крволочен гроф Дракула.
Лондонскиот весник „Метро“ потсетува дека англискиот писател Брем Стокер кој го има создадено грофот што им ја испива крвта на своите жртви, никогаш не бил во ова некогашно село, ниту пак ја има посетено Романија.
Едноставно, го создал имагинарниот дом и исто таквиот свет на Дракула, само благодарејќи на описите ( кои тогаш постоеле) за сега прославениот замок Брашован.
Замокот на Дракула
Самиот замок се означува како едно од наморничавите и најпроклетите градби во Европа и во светот. Тоа придонесува , секоја година, замокот да го посетуваат голем број луѓе, а посебно сите оние кои веруваат во паранормалните и натприродни појави.
Сите тие се уверени дека душата на жртвите од времето на „владеењето“ на Дракула, сега шетаат низ замокот.
На второ место е рангирано селото Триора во Италија. За него се тврди дека во 16 век било место каде се егзекутирале вештерки, а дека сега, тие како духови, „шетаат“ секоја ноќ низ селските улици. Никој досега ништо не видел, но велат дека ретко кој се осмелува да излегува ноќе надвор од дома.
Третото место меѓу најстрашните места во Европа, му припадна на Плакли во Англија. За местото се вели дека тоа се наоѓа и во книгата на Гинис. Оние кои веруваат тврдат дека станува збор за најпроколнатото место во светот- затоа што во него имало далеку најмногу духови.
Страшната опатија во Рослин
Четврто пласирано е едно шпанско село- Очата , за кое почнало да се зборува, како за морничаво, дури во седумдесетите години на 20 век. Откако еден весник почнал да пишува за паранормалните појави во селото и за тоа дека неговите жители имале блиска врска и со вонземјаните. Меѓу другото и затоа што во нивното село се спуштил НЛО.
Конечно, како пета страшна локација „Метро“ го има рангирано средновековното село Рослин, во Шкотска. Посебно споменувајќи ја готската катедрална црква – позната како опатијата во Рослин.
Манастирот стана одново славен и посетуван ид луѓе од целиот свет, откако беше промовиран како една од локациите каде Темпларите (наводно) ја имаат погребано ( и сокриено) Марија Магдалена. Како што тоа го пишува во романот „Кодот Да Винчи“ на американскиот писател Ден Браун.