Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мајкл Кејн заминува во пензија

Мајкл Кејн заминува во пензија

Познатиот британски актер Мајкл Кејн објави дека се повлекува од глумењето и дека  одлучил да се пензионира.

Кејн кој за своите постигнување во светот на филмот и театарот има британско кралско одликување и ја носи титулата сер, ваквата одлука ја има соопштено веднаш по појавувањето на неговиот последен филмски проект- „Големо бегство“ во кој настапува со актерката Гленда Џексон, која почина во јуни годинава. Актерот има 90 години.

„Нема главна улога на 90 години“

Кејн и порано има иајавувано дека има намера да се повлече , но признава дека честопати бил во искушение да му се врати на актерството и на настапите во разни филмски проекти.

Во изјава за Би-Би-Си  рекол дека постојано му се јавувала сликата од филмовите во кои ја имал главната улога и за кој добивал многу добри критики- од критичарите и од публиката.

„Што сега треба да направам за да го надминам ова“- има речено Кејн, додавајќи дека веројатноста- во староста да добива се помалку улоги- ја потикнало неговата конечна одлука – сепак, да се повлече.

„Единствена улога која може да ја добијам како маж на 90, или и на 85 години, нема да биде главна. Тоа нема да биде водечкиот машки лик во еден проект, не со лик кој има 90 години. Водечките ликови ќе ги имаат млади и згодни момчиња и девојки. Па, затоа и си реков- време е да си заминам„- има изјавено.

Три пати одбиена последната улога

Кејн открива дека три пати одбивал да ја прифати улогата во неговиот последен  филм, пред на крајот да се одлучи да прифати да игра во проектот, објаснувајќи го тоа со решението што самиот си го дал на себе- дека веќе е пензиониран актер.

„Признавам дека ми го испратија сценариото , го погледав неколку пати и тогаш , за прв пат, направив нешто што досега го немам направено- погледав и пребројав колку страници има за мене и за мојата улога, споредено со бројот на страниците на целото сценарио.

За мене имаше само 15 страници, од вкупно 99 колку што имаше за целиот филм. Си помислив, па тоа е малку и реков, нема да се појавам во него. И решив дека е време да си одам во пензија„- открива Мајкл Кејн, чија кариера, трае повеќе од 60 години.

Сепак, на крајот се има премислено. Се верува дека на тоа влијаело што за партнерка во „Големо бегство“  ја има Гленда Џексон- една од најголемите актерки на британската сцена и на филмот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе