Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Животот на крузер е поевтин

Животот на крузер е поевтин

Брачна двојка од Австралија е прогласена за ѕвезда на морето, откако имаат поминато безмалку 500 денови на брод-крузер , пловејќи околу светот. Тие имаат уплатено за вкупно 51 тури на крузерот- една по друга.

Според австралиските медиуми оваа брачна двојка тргнала на овие патувања на 16 јуни 2022 година, веднаш после долгите две години изолација на австралискиот континент поради корона пандемијата.

На крузерот „ Coral Princess” поминале над 450 денови , што е повеќе отколку целата бродска посада. Се очекува на бродот да останат и во следните две години.

Резервирани сите патувања

Сопругот во оваа необична брачна двојка Марти Ансен изјавил дека од својот тур оператор во туристичката агенција му рекол да ги резервира за нив двајцата, сите вакви прекуокеански патувања , што ќе бидат понудени.

Во разговор за медиумите тој и неговата сопруга откриваат дека пресметале оти  животот на крузерот , патувајќи околу светот е поевтино, отколку старските денови да ги минуваат во некој австралиски дом за пензионери.

Уште додека биле работно активни, пред пензионирањето, тие имаат пловено на разни крузери, но, по заминувањето во пензија , крстарењето по светските мориња станало дел од нивниот живот.

„Повеќе не си ги переме своите облеки, не ги местиме креветите секое утро, не одиме во супермаркет за храна. Веќе долго време не го правиме тоа живеејќи на крузерот, како гости на пловечки хотел- град во кој има се што ни треба“- изјавиле мажот и жената Ансен.

На море во следните две години

Велат дека би им било тешко кога сега би морале да се симнта од бродот и да се вратат на копното и  на секојдневието.

Со посадата на крузерот веќе толку се имаат зближено и одомаќено, што ги сметаат како да се  дел од нивното  семејството.

Сега кога медиумите го открија нивниот случај, а оваа брачна двојка станала нашироко позната во јавноста, со нив сакаат да се запознаат и да разговараат многу од патниците кои прв пат се на некој крузер и на вакво патување. Едноставно , Ансен и неговата сопруга станаа атракција за бродската компанија и за крузерот.

На ова крстосување ќе останат вкупно осум месеци. Потоа планираат да се преселат на некој друг и поголем крузер, на кој би останале една година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе