Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Уапсен за сечење на „дрвото на Робин Худ“

Уапсен за сечење на „дрвото на Робин Худ“

Едно 16 годишно момче од Англија е уапсено затоа што- според полицијата- „намерно исекол 200 години старо дрва“ кое властите во северноанглиската област Нортамбрија го означуваат како „прославено и историски значајно“.

Не се знае зашто момчето го исекло дрвото ,оставајќи ги неговте осатоци да лежат на тлото, но полицијата открива дека уапсениот „соработува со истрагата“.

Симбол во Сикамор Гап

Според локалните медиуми станува збор за дрво кое по својата убавина и раскошната разгранетост ги терало луѓето, посететли на тој крај, да застанат и да го фотографираат. Дрвото се наоѓа во Сикамор Гап, покрај административната граница меѓу Англија и Шкотска.

Велат дека тоа беше „омилената икона “ на тој дел од Англија, што е овековечено и во прославениот филм „ Робин Худ- принцот на крадците“ во кој ликот на митскиот англиски јунак, заштитник на сиромашните, го толкува Кевин Костнер.

Инцидентот има предизвикано гневна реакција во северниот дел на Англија, затоа што претставува вандализам каков обично не се случува во земјата.

Претставник на власта во Нортамбрија изјавил дека „ова е неверојатно тажен настан , затоа што дрвото во Сикамор Гап беше култна локација за англискиот североисток, бидејќи многу луѓе доаѓааа специјално за да го гледаат.

Тажен настан

Управата на Националниот парк „Нортамбрија“  побара од јавноста да не се посетува исеченото и соборено дрво, кое во 2016 година е прогласено за дрво на годината во Англија.

Дрвото беше лоцирано покрај Хадријановиот ѕид- римска градба од 2 век на нашата ера. Покрај исеченото дрво илјадници туристи, со години на ред, шетаат по остатаоците од ѕидот кој на времето ја чувал северната граница на Римската Империја.

Ѕидот е изграден од императорот Хадријан, а денес е граница меѓу Англија и провинцијата Алба , како што сега се нарекува Шкотска.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе