Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Женско тело во устата на убиен алигатор

Richard Sagredo

Женско тело во устата на убиен алигатор

Еден четири метри долг алигатор е убиен во Флорида, но шок во јавноста која (обично) е навикната на ваквите вести, предизвика откритието дека во устата на крволочното животно биле најдени остатоци од женско тело.

Во соопштението на полицијата се вели дека специјалната екипа го убила алигаторот, а потоа од неговата огромна вилица биле извадени остатоците од женското тело. Брзо била идентификувана и жртвата- станува збор за една 41 годишна жена.

„Сцена како од хорор филм“

Тревогата ја имаат подигнато случајни минувачи кај каналот Ларго кои јавиле дека голем алигатор плива низ каналските води, носејќи во устата човечко торзо. Еден шокиран сведок кој рекол дека одел на работа, по патеката кај каналот, веднаш отрчал до најблиската противпожарна станица за да информира за она што го видел и да побара интервенција.

За локалните телевизиски станици во тој дел од Флорида, тој подоцна  признал дека многу се исплашил , затоа што за прв пат во својот живот видел- во живо- алигатор, додека носи во вилицата долно торзо на човек.

„Остатоците од несреќната жена веќе беа бледо-бели, целосно без крв, па целата таа глетка изгледаше и страшно и одвратно. Имам гледано ( на телевизија) слики од бројни такви случки, но ова беше прв пат сето тоа да го гледам во живо, од речиси  непосредна близина. Не стануваше збор за филм, или за нешто снимено. Ова беше случај од реалниот живот“- изјавил сведокот.

Тревога во реонот Ларго во Флорида

Жената, инаку, живеела во блискиот дом за бездомници и се знае дека често минувала по патеката, покрај каналските води. Нејзините најблиски шокирани од она што се случило изјавиле дека таа не заслужувала да умре на толку суров и брутален начин- изедена од алигатор.

Локалниот шериф и полицијата соопштиле дека е покрената истрага, за да се утврди како  се случил трагичниот инцидент. Односно да се дознае како и каде била нападната жртвата- во водата, или можеби на самата патека , на суво, што не е реткост во Флорида.

Многуминан граѓани се јавиле во радио и ТВ станиците за да кажат дека повеќе нема да се движат по патеката покрај водениот канал, ниту пешки, ниту со велосипед. Повеќе родители изјавиле дека многу деца често играат покрај патеката, па бараат од локалните власти да се преземат итни мерки за да не дојде до нов ваков инцидент.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе