Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„Вашиот филм го гледаат само свињите“

„Вашиот филм го гледаат само свињите“

Претседателот на Полска Анджеј Дуда – некултурно и навредливо од шеф на држава во ЕУ – ја нападна  филмската режисерка Агнешка Холанд , за нејзиниот најнов фил „Зелената граница“- квалификувајќи го како – „антиполски“.

Филмот е приказна за страдањата и за маките не бегалците и мигрантите кои се обидуваат да преминат од Белорусија на територијата на Европската Унија, следејќи ја  судбината на едно сириско семејство.

Дуда, а пред него тоа на истоветен, груб и непристоен начин за државни функционери, се пресметуваа со филмот и премиерот Матеуш Моровјецки и  Јарослав Качински, лидер на полската владеачка, деснчарско-националистичка парттија Право и Праведност.

Сите тие го означуваат како „пример за гебелсова пропаганда“ , иако воопшто не сокриваат дека ниту еден од нив го нема гледано филмот на Холанд!

Навредливи  коментари

„Зелената граница“ беше  прикажан на годинешниот филмски фестивал во Венеција и важеше за еден од главните фаворите за наградата „Златен лав“ , но иако беше воодушевено прифатен од европската критика тој ја освои само специјалната награда на стручното жири.

„Само свињите седат во кино салата за да го гледаат овој филм , правен како да е од времето на нацистичката окупација , кога во полските кина се прикажувале пропагандните филмови, нарачани од Адолф Хитлер„- има изјавено за полската државна агенција, полскиот претседател.

Навредливото однесување на Дуда  кон една угледна режисерка, како и навредувањето на другите  највисоки државни функционери, треба да претставуваат реакција на  власта на -како што тие велат- „навредувањето на полските војници и граничари“ кои (наводно) во филмот се прикажани како грубијани и нелуѓе.

Според полските политичари,  тоа не било коректно, затоа што  тие ја чувале Полска и границата на ЕУ од наплив на мигранти.

Критикуваат филм што не го гледале

На Дуда кој овој пат зборува во стилот  на Виктор Орбан, не му пречи да признае дека не го гледал филмот, туку дека – „слушнал оти во него биле навредувани херојските полски војници„.

Ваквото однесување и несвојствената реторика, за нов филм кој во Полска се уште не е прикажан, доаѓа во време кога земјата е во силна политичка кампања , пред изборите закажани за 15 октомври.

Кампањата тече во остар судир  меѓу власта, која потпирајќи се на конзервативните рурални гласачи, настојува да обезбеди уште еден мандат, продавајќи и ги на полскта јавност- национализмот и конзервативизмот , спротивставувајќи и се притоа на домашната опозиција и на ЕУ-  за мигрантската политика во Унијата.

Опозицијата, овој пат, ја предводи Доналд Туск, поранешен полски премиер и поранешен претседател на Европскиот совет кој заговара политика на една поинаква Полска- земја на меѓунационална толеранција, на вистинска европска демократија и земја која изградува либерално општество. Односно, општество отворено кон европските либерални гледања.

Брутална омраза од власта

Аналитичарите во Европа и оние во Варшава, затоа со право, сметаат дека Агнешка Холанд е само одбрана како жртва за јавните напади од власти , иако се верува дека  тие повеќе се упатени кон Германија . Со неа актуелната  полската власт не може да се справи токму околу инсистирањето на Берлин за приклучување на Полска кон европските вредности, а не кон националистичкото десничарење.

Филмот , меѓутоа, нема ништо со Германија, бидејќи станува збор за копродукција на  седум земји (Полска,Чешка, Белгија, Франција, САД, Швајцарија и Турција).

Режисерката Холанд, затоа,  остро ги отфрла ваквите квалификации за неа и за филмот. На првата предпремиера таа има речено дека “очекувала реакции и говор на омраза ( од Варшава, пред се), но дека овде веќе станува збор за брутална омраза  од највисоката полска власт.“

„Земја во која никој не сака да живее“

„Тоа е она што е најстрашно- има речено Агнешка Холанд- затоа што во прашање е земја во која државниот врв диктира кампања на омраза – против авторот на филмот и против самиот филм. Затоа, според режисерката,   Полска е земјата во која никој не сака да живее.

Според неа, целта на филмот е сосема поинаков-  да им чуе гласот на оние чиј глас не се слуша.

„Во филмот нема ништо антиполско , затоа што станува збир за хуман филм кој зборува за хуманоста на Полјаци, меѓу нив и на граничари, како и на активисти на  хуманитарни организации кои се обидуваат да му помогнат на семејството од Сирија додека се пробива низ мочуриштата во Бјеловеск, на границата со Белорусија.

Режисерката вели дека е многу  жалосно што власта во Полска и  го прикажува филмот на домашната јавност онака, како што нејзе и одговара.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе