Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Крузер крај Гренланд со заразени со Ковид

Крузер крај Гренланд со заразени со Ковид

Луксузниот брод-крузер кој на почетокот од оваа недела се насука во оддалечените делови на Гренланд, на северот од Атлантикот, е ослободен без поголеми оштетувања- соопшти претставник на армијата на Данска , чии специјални единици понагале во извлекувањето на крузерот. На бродот имало 210 лица.

„Ocean Explorer” во понеделникот се заглавил во калта , во крајбрежието на националниот парк „Алпефјорд“ , околу 1400 км. североисточно од главниот град на островот што се наоѓа под контрола на Данска.

Претходно биле преземени три обиди за ослободувањето , но на посадата ниту еднаш не и успеало да се одглават од калта и бродот и патниците да го продолжат крстарењето по Атлантикот.

Патниците ставени во карантин

Данските власти и  австралиската компанија која го поседува крузерот, соопштуваат дека никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден во овој инцидент. Претходно, меѓутоа , беше јавено  дека на бродот има  десетина  патници за кои е утврдено дека се заразени со коронавирусот.

Сите веднаш биле ставени во изолација, а за нив се грижат бродскиот лекар и медицинската екипа која патува со крузерот.

Бродот плови под знамето на Бахамите и меѓу вкупно 151 патници, на овој луксузен, иако  мал крузер, има државјани на Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, САД и Велика Британија. Крстарењето до Гренлад, остров кој по површината е голем колку Франција и Шпанија- заедно- а  80 отсто од неговата површина е  постојано покриена со мраз, последниве години станува популарно во време на гренландското лето.

Патниците тргнале на крстарење од Норвешка, на почетокот од септември.

Инфицирани  на крстарењето

Еден од патниците  со австралиски пасоши  кој е во карантин на бродот, изјавил дека се заразил со Ковид во текот на пловењето, но не знае како тоа се случило и дали преносител на вирусот е некој патник, или член на посадата.

Овој патник , во изјава за австралиски медиум тврди дека на патот, од  далечниот Сиднеј, тргнал  сосема здрав. Сите заразени имаат лесни симптоми и единственото што им пречи, според нивното признание , е што мораат гренландските фјордови да ги гледаат низ бродскиот прозорец.

Во 2020 година, на почетокот од пандемијата со коронавирусот , еден друг крузер, со многу повеќе патници и со многу посериозно заразени со вирусот што го освојуваше светот, беше „заглавен“ во јапонското пристаниште Јокохама, со денови, оставен во карантин. И тогаш не се знаеше кој и како и каде се беше заразил со вирусот.

Здравствени експерти го користат сегашниот пример од крузерот крај  Гренланд за да потврдат дека короната е присутна во Европа и околу неа. Но, според нив, не се очекува повторување на ситуацијата од пред три години, затоа што огромен дел од светската популација е вакцинирана, па се верува дека е имуна на вирусот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе