Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Британците умираат помлади од Европејците

Британците умираат помлади од Европејците

Велика Британија е земја каде нејзиното население има најкус животен век меѓу богатите држави – покажува едно британско истражување, според кое  Британците умираат понмлади во споредба со другите Европејци.

Истражувањето покажало дека падот на животниот век во Британија е  последица на состојбата во дбританското јавно здравство (НХС) за кое се вели дека (за разлика од сега) имало „многу подобри денови“.

Истражувачите ја испитувале состојбата во Британија и притоа ја споредувале со 18 други водечки економии во Европа/ЕУ и заклучиле дека британскиот здравствен систем е значително под нивото на повеќетео од земјите кои се користеле во испитувањето.

Забавен раст на животнот век

Притоа е утврдено дека просечниот животен век во Британија кој сега изнесува 81 години,е навистина висока бројка на глобално ниво, но заостанува зад просекот во ЕУ.

Иста просечна возраст доживуваат и жителите на Словенија, Португалија, Германија, Холандија, Данска и Австрија. Во Франција и Белгија, како и во Ирска, до пред 40 години далеку помалку раавиена земја од Британија, животниот век изнесува 82, додека во Шпанија, во Шведска, Норвешка и Луксембург, но и во Малта, изнесува 83 години.

Исклучок од ова рангирање и споредувањњто правено меѓу богатите земји, претставува САД каде просечниот животен век изнесува 76 години, што тимот истражувачи го објаснува со сосема поинаквиот здравствен систем од европскиот и со исклучително скапата здравствена заштита.

Во секој случај, направеното истражување покажува дека Британија  се соочува со забавен раст на просечниот животен век на своето население, меѓу државите кои се на исто ниво на развој-економско/ финансики- со кои е правена споредбата.

Низок квалитет на болничкиот кадар

Правејќи паралела на состојбите во  здравствените системи на испитуваните 18 земји , истражувачите го врзуваат животниот век за состојбите во британскиот НХС поради- како што велат- хроничното ниско ниво на персоналот во британските болници.

Тоа се означува  како удар за Британија и за нејзината политичка елита и на левизата и на десницата, која е толку горда на својот здравствен систем, воведен веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

Истражувачкиот тим, пак, сегашното забрзано назадување на здравствениот систем го поврзуваат со одлуката на политичарите- Британија да ја напуѓти ЕУ и со Брегзит, што како што се потсетува се оправдуваше со можноста за силен и голем подем – токму на здравството.

Брегзит го уназадува здравството

Во екот на силната антиевропска хистерија која беше распалена , посебно во Англија, од британските конзервативци и поранешниот премиер Борис Џонсон, на луѓето во Британија, пред референдумот им се зборуваше дека земјата- неделно издвојува по 360 милиони фунти за европските фондви и за заедничкиот буџет.

Стануаше збор за неточен и лажен податок, какво што беше и лажното ветување дека давачките за ЕУ,  по Брегзит ќе влегува во касата на НХС , за унапредување на домашното здравство.

Ништо од тоа не се случи, по напуштањето на ЕУ. Уште  повеќе- состојбата во британското здравство сега е многу полоша отколку додека земјата беше дел од Унијата.

Не само што Британија има недостиг од квалификуван лакарски кадар и од медицински персонал, туку после Брегзит постојано се зголемуваат листитте на чекање за специјалистички прегледи и во Лондон и во внатрешноста на земјката, како и времето да се обезбеди преглед и консултација со лекар, а посебно со заболекар.

Британците сакаат назад во ЕУ

Се посочува примерот со Норфолк во источна Англија, каде во мај годинава, стотици луѓе , со часови, чекале за преглед кај забар во јавното здравство, откако после подолго  време било соопштено дека ќе се примаат нови паценти.

На почетокот од летото, купно 6,2 млиони Британци се на болничката листа на чекање за преглед кај специјалист , или за редовната лекарска контрола.

Во меѓуувреме, подршката на Брегзит забрзано се намалува, па доколку сега би имало референдум за Европа како оној во 2016 година, мнозинството Британци би гласале за враќање на нивната земја во ЕУ.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе