Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Грците против лични карти со чип

Грците против лични карти со чип

Грција започна да ги менува личните карти на граѓаните на кои за прв пат има вградено и чип, онака како што тоа го имаат и личните карти во другите земји од ЕУ.

Но, замената на досегашните лични документи за нови, европски, предизвика протести на, главно, ултра конзервативните и длабоко религиозните граѓани кои се противат на замената на личните карти. Еден таков протест се одржа во Солун, а за следниот викенд е закажан протест и во Атина, пред седиштето на грчката влада.

Причина за протестите е „опасниот чип“ и раширената теорија за заговор, насочени против властите дека на тој начин владата  „ќе ги контролирала мозоците на Грците“ и ќе го следела движењето на луѓето.

Протести во Солун

На протестот во Солун, на кои се собрале околу пет илјади лица, биле носени грчки знамиња и антивладини транспаренти, а преку разглас бил емитуван еден говор на ,сега, починатиот архиепископ на ГПЦ Христодулос во кој  предупредува на „непријателите на грчкиот народ“ . По протестот демонстрантите мирно поминале низ улиците во центарот на градот.

Новите лчни карти ќе ги имаат истите податоци како и старите- името и презимето, имињата на родителите, адресата и висината. Единствена нова информација е крвната група на носителот на личната карта, иако тоа нема биде задолжително.

Но во грачката јавност ( како впрочем и во балканската) постојано има најразлични теории за заговор, посебно меѓу бројната религиозна заедница во грчкото општество, пуштен е најновиот „заговор“ за наводно- антирелигиозните лични документи. Овој заговор толку се има раширено што предизвика гневна реакција на грчкиот премиер.

Отпор од епископи на ГПЦ

„Личните карти немаат опасни чипови, а ниту камери, или апарати за прислушкување“- рекол Киријакос Мицотакис.

Ваквата остра реакција се објаснува и со проблемите кои ги има самата црква, откако се откри дека некои грчки епископи ја шират  теоријата за постоење владин заговор меѓу верниците и ги потикнуваат протестите против личните карти.

Актуелниот архиепископ Еронимос, затоа се огласи со порака дека Светиот синод на ГПЦ ќе издаде специјно соопштение  за личните карти, но притоа бараше смирување на тензиите.

Новите лични карти- по европски терк- ќе станат задолжителни и во Грција од август 2026 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе