Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Од војната побегнале над 930 илјади Руси

Од војната побегнале над 930 илјади Руси

Од почетокот на агресијата на Русија врз Украина и војната која се води 17 месеци, од Русија се побегнати околу 930 илјади руски граѓани- пишува лондонски „Економист“.

Според овој угледен британски неделник, првиот егзодус е регистриран на самиот почеток на руската инвазија врз соседната земја и неколку месеци по тоа, кога избегале и емигрирале околу 300 илјади Руси.

Вториот бран , во поголем обем и со поголема брзина, се случи кога Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ , во септември 2022 година. Тогаш исплашените и очајни млади Руси и сите оние кои може да бидат опфатени со служењето војска, се втурнаа кон граничните премини , носејќи само пари со себе и пасош, за да ја избегнат војната и војувањето во Источна Украина.

Едни затоа што не сакаат да војуваат против „братскиот“ украински народ, а другите од страв дека ќе бидат убиени.

Казахстан и Србија

Весникот прави и табела на тоа каде има избегано најмногу Руси. Две  земји се на врвот- Казахстан, поранешна советска република,а  од распадот на СССР, независна држава и во Србија.

„Економист“ проценува дека и во двете земји се наоѓаат како бегалци од војната над 150 илјади руски државјани, некои од нив избегани и со своите семејства. Но, според официјалните податоци на српските имиграциски власти кои ги пренесуваат белградските медиуми, во оваа западнобалканска држава има 200 илјади руски бегалци.

На трето место како популарна дестинација за бегање од војната, но многумина не сокриваат дека ја искористиле ситуацијата за да избегаат и од режимот на Путин, како што тоа го признаваат добар дел од бегалците  во Белград, е Ерменија, уште една екс советска република.

Како и Србија и Ерменија се смета дека е избрана за бегство затоа  што и двете се се христијански, православни земји. Во  таа група на скалата од десет земји со најмногу руски бегалци, се и Црна Гора и поранешната  советска република Грузија кои се  на седмото, односно на осмото место.

Ерменија и Грузија

Ерменија и Грузија се покажаа како популарни дестинации за бегство , иако и двете се политички и безбедносно нестабилни држави.

Ерменија зафатена со судирот со Азербејџан, околу енклавата Нагорно Карабах, додека Грузија е „оскатена“ територијално од Русија во двете војни на Москва против оваа земја- во 1991 година кога на Грузија и беше одземена Абхазија и во 2008 кога беше окупирана, па анектирана Јужна Осетија. Тоа ги прави Русите да се непопуларни и непожелни во јавноста, но не и кај проруската влада во Тбилиси.

Но, руски бегалци во не мал број има и во ЕУ, како и во Турција која е четврта популарна дестинација за бегање избрана од Русите, како  и Израел. Руски бегалци има и во САД кои се девета локација по бројот на избегаа руските граѓани, каде се проценува дека има околу 30 илјади.

„Економист“ пишува дека ова е најголемиот поединечен егзодус, предизвикан од политички пресврти после 1920 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе