Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Руските шпиони од соседството

Руските шпиони од соседството

Кога беше обелоденето дека руска шионска тројка – сите бугарски државјани – е откриена во Британија, изгледаше како одново да се чита некој од романите на Јан Флеминг и како Европа и светот да се вратиле во времето   на  разузнавачката пресметка меѓу Истокот и Западот.

Особено што сите тројца- Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова- се прикажувале и оставале впечаток на обични луѓе од соседството, кои заминале од државата од каде потекнуваат , за подобара и побогата жиеачка на Западот. Приказна што обично и најчесто ја зборуваат  најголемиот број мигранти.

Русев  кој 14 години живее во Британија, се населил (така барем гласи неговата последна адреса) во Јармут, во Норфолк, додека другите двајца, за кои соседите знаеле дека се „брачна двојка“ ,живееле во Хароу, периферен дел од Лондон.

„Бугарската тројка“ во Британија

Гледано од надвор ништо  не оставало впечаток дека сите се искусни разузнавачи на руските тајни служби. Џамбазов на Линкедин запишал дека е возач во болница, неговата лажна сопруга дека е медицински, лабораториски техничар, додека Русев не сокривал дека е квалификуван и за работи кои се врзани за она, за шѕо сите се уапсени. Според профилот на оваа социјална мрежа,  има работено со разузнавачки податоци – за пресретнување на сигнали.

Како дел од работата, често патувал во Москва, а се тврди дека во еден период бил советник во бугарското министерство за енергетика- таму каде Русија и Бугарија најмногу се исповрзани поради (досегашната) целосна зависност на Софија од руската нафта и гас.

Сите тројца биле и мошне активни во бугарските иселенички клубови во Британија, а софиските весници сега откриваат  дека на неколку пати биле членови на изборни комисии за локални избори во Англија. Дури и како претседатели на таквите комисии, што значи дека на тој начин имале лесен достап до личните податоци на илјадници британски жители.

„Заспани“ шпиони

Во стилот на минатите времиња, случајот на „бугарската тројка“ и натаму е обвиен со целосна тајна.  Се тврди дека не се тројца руски шпиони, туку дека се петмина. Потоа  сегашното соопштение на лондонската Метрополитен полиција доаѓа цели шест месеци откако „тројката“ е во затвор.

За нив се вели дека се обвинети  за шпионска активност и за поседување лажни лични  документи, а судењето е најавено за јануари следната година, иако тие се немаат изјаснето за обвинувањето. До тогаш, 11 месеци ќе бидат во притвор.

Единствено се знае дека кај нив се најдени „едно брдо“ лажни и фалсификувани лични документи – пасоши на дури 11 странски земји- на Британија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Шпанија, Грција, Франција, Италија, Чешка – на кои се имињата што беа обелоденети во британските и европските медиуми. Но,  во вакви случаи големо прашање е дали и имињата на „тројката“ со кои се операира,  се вистинските.

Не се соопштува ниту чии се овие „оригинални“ имиња, што е важно при постоењето на  едно вакво мноштво од странски пасоши. Она што се знае е  дека нивното откривање и апсење било дел од една широка, британска, безбедносна операција- во која се ловеле шпиони-илегалци.

Глумење „мирни и лојални граѓани“

Односно дека уапсените Бугари се т.н. „заспани руски шпиони“ кои тајните служби на Москва ги имаат донсено на британска почва, за да се активираат кога ќе им биде наложено, откако до тогаш, животот ќе го минуваат како и сите „обични британски граѓани“ .

За лондонски „Гардијан“ станува збор за свртување на руското разузнавање кон некогашните шпионски методи , како што се „заспаните“ шпиони, кои очигледно Москва ги враќа на сцената. А, причина за тоа е руската агресија врз Украина и острите санкции кои Западот ги има наметнато. Во овој сектор, со масовното протерување од земјите на ЕУ, САД Британија и нивните сојузни, стотици руски разузнавачи – досега затскриени како „дипломати“ и опремени со дипломатскиот имунитет.

Руската инвазија и покренувањето војна против една независна држава, предизвика уште во минатата година, безбедносните служби на низа европски земји да обвинуваат , и да прогонуваат  „обични граѓани“ , мирни луѓе за својата околин, а кои водат „мирен и едноличен, семеен живот“ , а всушност се оперативци на тајните служби на Русија кои десјствуваат како „заспани шпиони“.

Протерани над 450 „дипломати“

Такви се примерите од Љубљана, со лажните Аргентинци, кои како семејство живеат и работат од Словенија, како руски шпиони., потоа мексиканско-грчкиот  фотограф од Атина кој има продавница за волница во грчкиот главен град, а сега и „бугарската тројка“ откриена во Британија.

Други, во изминатите 18 месеци се најдени и осудени за давање тајни информации на Русија, како случајот со чуварот на британската амбасада во Берлин, или со десетмината уапсени во Полска кои дејствувале како шпиони за Русија.

Како и да е, безбедносни експерти оценуваат дека инвазијата врз Украина го натера Владимир Путин кон ризичното и помалку конвенционално разузнавање . До војната, руските тајни служби ФСБ (внатрешна), СВР (надворешна) и ГРУ (воена), своите оперативци низ светот да ги испраќаат како „дипломати“ , сите вклучени во составот на руските амбасади. Или паск, како оперативци на теренот да се прикажуваат руски деловни луѓе, шпиони како „турусти“ и многу често како и како новинари.

Пасоши со лажен идентитет

Војната сето ова го растури, па според „Гардијан“ само во првите три месеци по инвазијата, до почетокот на минатото лето само од европските земји се протерани над 450 дипломати, што значеше дека многу канали кои Русите ги користеа за своите разузнавачки операции, наеднаш беа пресечени.

„Случајот Скрипал„ со нападот за труење  со нервниот агенс новичок, извршен во градот Солзбери во југозападна Англија, во март 2018 година, го отвори прашањето за лажмиот идентитет на руските оперативци кои го носат на легално издадените пасоши.

Поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал се обидоа да го убијат оперативци на ГРУ , сите влезени во Британија со лажен идентититет, напрвен за да може да добијат виза, како туристи.

Подоцна, следејќи ги броевите на нивните пасоши, беа идентифијувани многу други оперативци на ГРУ кои имаат добиено и користат пасоши со слични сриски броеви. Освен тоа, по агресијата и санкциите, за Русите е далеку потешко да добијат британска, или ЕУ шенген виза , што значи дека напаѓачите на Скрипал, многу потешко би  можале да се пробијат на Западот и во Британија.

Војната ги менува методите

Сето тоа, сметаат западни експерти, го има натерано Кремљ да се сврти и да се врати кон „спијачите“ и кон „старинските„ методи  на класичното шпимирање. Со луѓе од трети земји, со „илегалци“ или кон руски оперативци ко биле оставеми „да чекаат“ додека не се побара да се „разбудат“. Градејќи до тогаш слика за соседството, за местото каде се сместени и за тамошните власти  дека се мирни и лојални граѓани.

Во предност се оние ставени како „заспани“ уште во советско време и тие речиси се целосно интегрираии во општеството, таму каде се настанети.Шпионската пресметка, меѓутоа, тука не запира, па во  текот на 2022 година се откриени низа шпиони- илегалци .

Европските медиуми пишуваат за седум посебни случаи- во Норвешка и Бразил како  во Холандија, Словенија и Грција. Некои од нив успеаја да избегаат, во Русија, пред да бидат уапсени. Сите, меѓутоа, беа откриени како оперативци на надворешната руска тајна служба СВР- како на пример, лажната брачна двојка „Аргентинци“ во Љубљана.

(С.С.Г.)

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе