Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мик Џегер- 80 години млад

Мик Џегер- 80 години млад

Лидерот на англиската група „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер  деновиве го  прослави својот 80 роденеден, а лондонскиите таблоиди, по тој повод,  го прогласија за најстариот рокер на британската сцена.

Но, за него се вели дека тој и натаму не се предава, не покажувајќи знаци на старост, придржувајќи се притоа за една своја поранешна изјава – дека е досадно да се остари.

Секс симбол и рокерска ѕвезда

Бројни британски и европски медиуми ја искористија оваа прилика одново  да го портретираат Џегер, за кого (можеби е најточно) да се зборува-  не како за остарен рокер, туку како за -80 години млад.

Опишувајќи го како- мангуп, секс-симбол и рокерска ѕвезда, чиј живот е исполнет со бројни скандали, ексцеси и провокации кон јавноста.

По повод 60 годишнината од постоењето на „Стоунси“ тој и другарите беа на уште една турнеја низ Европа- за прв пат без тапанарот Чарли Вотс кој почина пред две години.

Витамини и јога

За Мик Џегер, затоа,  се вели дека ништо не може да го собори, иако во 2019 година имаше хирушка интервенција на срцето. Тоа најчесто се објаснува со неговата контролирана исхрана, со консумирањето растителни сокови, овошје, многу витамини, но и со дневното практикување јога.

Луѓето околу него велат дека тоа го прави да биде  физички во топ форма и да има тенка линија на телото, каква, обично,  немаат неговите врсници.

Роден е на 26 јули 1943 година, во Дартфорд во јужна Англија, во семејство од британската средна класа. Како дете на мајка фризерка, а татко наставник по физичко воспитување никој не верувал дека Мик ќе и се посвети на музиката и ќе стане рокер.

Економија и музика

Во 1961 година тој дури се запишал на угледната Лондонска школа за економија (ЛСЕ) , но после една година му здосадиле економските студии, па ги напуштил.

Уште во 1960 година, кога постојано ја слуша музиката на Чак Бери, почнал да свири заедно со Кит Ричардс, негов другар  од детството, со кого подоцна ќе ги создаде „Ролинг Стоунс“ .

Во групата покрај нив двајцата ќе се најдат и Бил Вајман, Чарли Вотс и Брајан Џонс кој почина под мистериозни околности уште кога „Стоунси“ се искачуваа кон врвот

Во 1965 година  групата ќе го издаде хитот „Satisfaction” кој ќе ги лансира  низ светот.

„Добрите“ и „лошите“ момчиња

Брзо ќе ги достигнат веќе прославените „Битлси“ , па од тогаш ќе се покрене ривалството на двата бенда. На „лошите момчиња“ Џегер/Ричардс, наспроти „фините момчиња“ Ленон/Макартни.

Во 2003 година Џегер беше одликуван и стана „сер Мик“, прекинувајќи со лудориите и со исмевањето на кралското семејство. Сега е  богат Британец, со лично богатство од над 310 милиони фунти кој ужива да гледа крикет- спорт на аристократијата.

А, младоста ја покажува со својот бурен љубовен живот.

Од четирите претходни врски ( меѓу кои и со Џери Хол и со Бјанка Џегер ) има осум деца. Пред својот осумдесети роденден најави нов брак – со Мелани Хамрик која има 36 години.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе